1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ без заеднички пакет мерки за надминување на финансиската криза

Тони Гламчевски5 октомври 2008

Преуредување на светскиот финансиски систем и зголемување на полето за маневри за борбата против кризата, ова се двете главни идеи што произлегоа од европскиот мини-самит на кој се најдоа земјите членки на Г8 од ЕУ .

https://p.dw.com/p/FUK0
Домаќинот на мини-самитот во Париз, францускиот Претседател Николас СаркозиФотографија: AP

Францускиот Претседател Саркози, германската канцеларка Меркел, британскиот и италијанскиот премиер Браун и Берлускони, заедно со претседателот на Европската Комисија Барозо од Париз повикаа на оддржување голем меѓународен собир посветен на правилата на игра за финансискиот капитализам.

Организаторот на самитот, францускиот Претседател Никола Саркози, ги поздрави резултатите од средбата, особено поради претходните разлики по оваа тема меѓу Париз и Берлин.

„Со оглед на светската финансиска криза Европа има сопствен одговор. Особено е важно да реагираме брзо, што еве и го правиме. Освен тоа бараме свикување меѓународен самит, што ќе донесе мерки за спречување на слични настани во иднина“ - појасни Саркози.

Координирани национални планови

Die deutsche Bundeskanzlerin Angela Merkel und der franzoesische Staatspraesident Nicolas Sarkozy winken am Donnerstag 1.Mai 2008, nach der Verleihung des Karlspreises an Merkel in Aachen
Имаат ли заедничка линија? Канцеларката Меркел и Претседателот Саркози во мај во АхенФотографија: AP

Но барем за сега, во одсуство на заеднички европски план за помош на финансискиот сектор, секоја земја ќе мора „да ја преземе одговорноста на национално ниво“, подсети германската канцеларка Ангела Меркел.

„Поуката која што треба да се извлече од оваа криза е, дека од една страна, одговорните за неа треба да бидат повикани на одговорност, а од друга, потребно е да се донесе решение за нови правила, што ќе дозволат да се избегнат вакви и слични кризи во иднина.“

Николас Саркози, во својство на претседавач со Европскиот Совет, се заложи за омекнување на правилата, посебно во областа на помошта од државата. Со други зборови, да не се спроведува стриктно европското право за конкуренција.

„Со оглед на исклучителните економски и финансиски последици, Европската Комисија треба да покаже флексибилност во областа на давање на државна помош за претпријатијата, како и во принципите на заедничкиот пазар.“

Делумно омекнување на правилата во евро-зоната

Frankreich EU Ecofin Rat Treffen in Nizza Jean Claude Trichet und Jean Claude Junker
Претседателот на Европската централна банка, Трише и претседавачот со Евро-групата, премиерот на Луксембург, ЈункерФотографија: AP

Неодамна советник на Саркози рече дека дозволениот дефицит од 3% во евро-зоната не е приоритет на приоритетите, но Жан-Клод Јункер, претседателот на Еврогрупата и претседателот на Комисијата Жозе-Мануел Барозо подсетија дека Пактот за стабилност треба целосно да се почитува.

Меѓу останатите предлози, е обврската на сите држави членки на ЕУ на „кординиран начин“ да им помогаат на нивните национални финансиски установи, што засега не е случај.

Запрашан за националните мерки преземени од неговата влада, британскиот премиер Гордон Браун, објасни дека целта била да се испрати:

„Порака на доверба до семејствата и претпријатијата, што веќе го прават централните банки, дека ќе ја гарантираат ликвидноста, и дека ќе ја заштитат стабилноста.“

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони побара поголема етика во економијата, како и ЕУ да работи во соработка со новите економски сили Кина и Индија во реконструкцијата на светскиот финансиски систем.

Учесниците на самитот јасно дадоа до знаење дека нивните предлози се само предлози и дека тие ќе им бидат претставени на другите 23 земји членки на Европската Унија.