1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Елвира“ ја потопи јужна Германија

БГ/дпа31 мај 2016

Четири лица ги загубија животите на југот на Германија во невремето кое во меѓувреме се сели кон западот на земјата. „Елвира“ е името на зоната на низок воздушен притисок кој ја зафати Германија

https://p.dw.com/p/1IxZ6
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Calagan

На југот на Германија започна расчистувањето на теренот по големото невреме кое го зафати регионот. Илјадници помагачи и спасувачи се вклучија во акцијата за санирање на последиците од невремето кое однесе четири човечки животи. Улиците се блокирани, а мостовите урнати.


Во меѓувреме, невремето се пресели кон западот на земјата во покраината Северна Рајна Вестфалија, иако со помал интензитет. Вода во подрумите, кал по улиците, отежнат сообраќај. За среќа без жртви и повредени.