1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозии на аеродромот во Брисел, повеќе загинати

БГ22 март 2016

Две експлозии го потресоа аеродромот во главниот град на Белгија, Брисел. Има жртви и повредени. Аеродромот е затворен за летови, а сите патници се евакуираат.

https://p.dw.com/p/1IHKb
Фотографија: Reuters/F. Lenoir

Две експлозии утрово одекнаа во една од зградите на аеродромот во Брисел. Според последните неофицијални информации загинале повеќе луѓе, а има и голем број повредени. Аеродромот во меѓувреме е целосно затворен и во тек е негова евакуација, а блокирани се и сите пристапни патишта кон него.

Засега нема информации дали се работи за терористички напад.

Во земјата со недели е во сила повисок степен на готовност, особено по минатонеделното апсење на еден од главните осомничени за терористичкиот напад во Париз, Салах Абдеслам.

Повеќе информации набрзо.