1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Експлозии во најголемиот магацин за оружје во Украина

СН/ агенции
27 септември 2017

Украинската влада соопшти дека е ставен под контрола пожарот во магацинот за муниција во близина на градот Виница, кој предизвика и неколку силни експлозии.

https://p.dw.com/p/2kmex
Ukraine Explosion im Militärdepot in Kalynivka
Фотографија: Reuters/G. Garanich

Во најголемиот магацин за муниција на украинската армија избувна пожар и дојде до повеќе големи експлозии. Близу 30 илјади луѓе се евакуирани од околината на селото Калиновка, каде што се наоѓа магацинот, соопшти службата за цивилна заштита на Украина. Калиновка се наоѓа во Виничката област на околу 270 километри јужно од главниот град на Украина, Киев. Поради силните експлозии затворен е и воздушниот простор во радиус од 50 километри околу магацинот.

Пожар и експлозии во магацин за муниција

Тој се простира на 60 хектари и во него се наоѓаат околу 188 илјади парчиња муниција. Според последните информации, едно лице е повредено во инцидентот кој се случи во текот на вчерашната вечер. Според портпаролот на националната полиција Јарослав Тракало, полицијата примила повик во вторникот околу 22 часот, дека од магацинот се слушаат експлозии.

„Подоцна ни стана јасно дека експлодираат артилерски гранати во магацинот. Полицијата заедно со спасувачките екипи ги евакуира луѓето од соседните села“, изјавил Тракало

Украинскиот премиер Володимир Гројсман, кој пристигна во погодената област неколку часа подоцна истакна дека за инцидентот се одговорни „екстерни фактори“.  „Ќе сториме сѐ што можеме за да ги ограничиме последиците од оваа несреќа“, порача Гројсман. Во изминатите месеци во Украина постојано се случуваа експлозии во магацини за муниција. Во март годинава  пожарот во магацинот за оружје во градот Балаклија, на истокот на Украина, предизвика експлозии кои траеја со денови и во кој животот го загубија повеќе луѓе.

Karte Ukraine Kalyniwka Vinnitsa RUS