1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските часовници сега се предвреме

4 април 2018

Часовниците кои добиваат такт од струјната мрежа доцнеа во Европа поради спорот меѓу Србија и Косово. Сега тој проблем е решен, пишува германскиот печат. Но тоа не е крај на проблемите- сега часовниците се понапред!

https://p.dw.com/p/2vSlB
Backofenuhr
Фотографија: Colourbox

 „Часовниците во Швајцарија не се точни. Посебно оние кои се вградени во шпорети на чија работа влијае фреквенцијата на електричната мрежа“, пишува весникот Аргауер цајтунг. „Фреквенцијата е всушност стабилна, за тоа се грижи европскиот систем кој го регулира односот на понуда и побарувачка. Но, доколку електричната мрежа испадне од такт, тогаш и часовникот на шпоретот одеднаш престанува да биде точен и ги спречува луѓето навреме да ги напуштат своите домови за да стигнат на воз, автобус или трамвај“.
Весникот потсетува дека европската електрична мрежа, во која е вклучена и Швајцарија, од јануари од март не работеше правилно поради спорот меѓу Србија и Косово. „Поради тоа што Косово не го испорача својот дел од струјата, се случија проблеми. Српските производители можеа да го решат тој проблем. Можеа. Но не сакаа. Па така, не само на Балканот, туку и во цела континентална Европа напонот на струја падна под 50 херци. Како последица на тоа, ткн. струјно време доцнеше зад остатокот од светот“.

Повеќе на темата: 

Проблемот со часовниците во Европа доби и „посредник“ 

Европските часовници повторно во „нормала“ по спорот меѓу Србија и Косово
Проблемот сега е решен, пишува Аргауер цајтунг и ја пренесува изјавата на портпаролката на швајцарската електродистрибуција Свисгард, која вели дека „европските партнери брзо дошле во помош зголемувајќи го количеството на струја во последните недели“. Швајцарскиот весник потсетува и дека на интернет страницата на Свисгард, во реално време, може да се следи колкав е напонот на електрична енергија. Во понеделникот, во текот на денот, тој бил видно над 50 херци, а вечерта струјното време заостанувало зад светското само околу десет секунди.
Но, и тука има проблем. Оној кој поради доцнењето рачно го наместил часовникот- нему часовникот сега му е понапред. Нивните часовници сега се понапред за цели шест минути, бидејќи одговорните сакале со забрзување на тактот автоматски да го надокнадат доцнењето. Тоа се однесува и на часовниците на микробрановите печки, или радио-часовниците од постара генерација.