1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европски суд за човекови права

Клаус Даман6 декември 2008

Судот беше основан од страна на Советот на Европа во 1959-тa година, за големиот успех што го стекна во текот на годините, денес зборува и бројката од 10.000 тужби во септември годинава (2008).

https://p.dw.com/p/GA35
Зградата на Европскиот суд за човекови права во СтразбурФотографија: picture-alliance/dpa

„Никогаш повеќе Хитлер!„ и „Никогаш повеќе Аушвиц„“ вакви мисли ги преокупираа луѓето во Европа по завршувањето на Втората Светска војна. Кога стана јасно дека континентот се’ повеќе се дели на Исток и Запад, човековите права се покажаа како многу важен мост меѓу двата блока. Токму оваа тема беше од големо значење за Советот на Европа, кој беше прва повоена европска институција. Надлежните во оваа институција сакаа уште од почеток да работат поефективно од Обединетите нации: таму кон крајот на 1948 година беше усвоена „Декларација за човекови права“, кој беше важен но, не и обврзувачки документ. Во 1953 година Советот на Европа ја донесе „Европската конвенција за човекови права“. За придржување кон одредбите на оваа конвенција беше задолжена посебна Kомисија. Во 1959 -та година беше основан и Eвропскиот суд за човекови права во Стразбур.

Europäischer Gerichtshof entscheidet im Fall Gäfgen
На судиите чекаат бројни предметиФотографија: picture-alliance/ dpa

Судот по важност се наоѓа над сите национални судови во Европа

Овде поедини приватни лица можат да поднесат тужба против државата, доколку во својата држава на национално ниво не го оствариле своето право. Судот освен тоа може да наложи обештетувања на жртвите. Теоретски, ова и навистина функционира. Меѓутоа, во пракса повеќе европски влади често ги игнорираат одлуките на судот во Стразбур. Факт, кој организациите за човекови права, радо го земаат како повод за да го критикуваат судот во Стразбур дека е „тигар без заби“.

Па сепак, дека европскиот суд за човекови права е голем успех, може да се види и од бројот на тужбите. Тој во изминативе години драстично се зголеми. Така до 1998- та година имаше 837 пресуди, во септември 2008 бројката се искачи на 10.000. По завршувањето на источно-западниот конфликт дојде до застој кај судските процеси, што јасно се виде во 90-те години. Затоа беа поедноставени и убрзани судските процедури во процесот. Важен новитет притоа е што лицата не мораат да поднесат тужба само преку Eвропската комисија за човекови права, туку можат директно да поднесат тужба до судот.

Европскиот суд за човекови права игра важна улога и во зачленувањето во ЕУ

Europäischer Gerichtshof für Menschenrechte in Straßburg
СтразбурФотографија: AP

Колку е навистина важен Европскиот суд за човекови права, може да се види од процесот за зачленување на земјите во ЕУ. А, тој се одвива по слeдниов редослед: ЕУ прво го прашува Советот на Европа, а со тоа индиректно и судиите во Стразбур, како ја оценуваат земјата кандидат за членство. Доколку дадат зелено светло, Брисел ја назначува земјата за официјален кандидат и започнува конкретни преговори.

Советот на Европа се покажа како многу успешен поборник за човековите права и тоа не само поради тоа што жестоко се бори за правата на луѓето, туку и затоа што организацијата многу се прошири. Иако Советот на Европа долго време беше под западно европско влијание, по падот на Берлинскиот ѕид порасна во институција со 47 држави, подеднакво на Запад и на Исток.

Речиси сите европски држави се членки на Советот

Белорусија има се’ уште кандидатски статус. Освен тоа, преку директната соработка со Русија, кавкаските републики и Турција, Советот денес со своето влијание допира и до Азија.

Од друга страна пак, интересно е тоа што ЕУ се ангажира околу човековите права, но раководењето сепак му го препушта на Советот на Европа. Од крајот на 2000 -та година ЕУ има Уставна повелба за човекови права, која е обврзувачка само за вработените во нејзините институции. Во исто време ЕУ како колектив стана член на Советот на Европа со што се обврзa да ги почитува одлуките на судот за човекови права.