1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европски консултации за излез од финансиската криза

Агенции, Ж.А.29 октомври 2008

Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Гордон Браун на синоќешната средба во Париз апелираа за преземање нови мерки за запирање на ширењето на финансиската криза во Источна Европа.

https://p.dw.com/p/FjQU
Никола Саркози бара повеќе средства за помошФотографија: AP

Лидерите во европските земји интензивно се советуваат за излез од финансиката криза. Во пресрет на европскиот самит на оваа тема во Брисел, на 7. ноември, и на Светскиот финансиски самит во Вашингтон на 15. ноември, синоќа разговараа францускиот претседател, Никола Саркози, и британскиот премиер, Гордон Браун.

Зголемување на фондот за помош

Никола Саркози побара значително зголемување на фондот за итна помош од ЕУ од сегашните 12 на 20 милијарди евра. Целта на овој фонд е поддршка на националните економии.

За британскиот премиер Гордон Браун приоритетен чекор во моментов е да да се спречи проширувањето на кризата во другите земји, посебно во Источна Европа, каде веќе се појавуваат сериозни проблеми и мора да се преземаат мерки.

Тој со францускиот претседател разговараше за финансиската помош за погодените земји преку ММФ. Во најтешка положба поради финансиската криза пред се‘ е Унгарија, која од ММФ ќе добие кредит од околу 12,5 милијарди евра.

Францускиот претседател Саркози ја смета за многу интересна идејата на Браун за обезбедување повеќе пари во ММФ во борбата против финансиската криза. Според Браун, дополнителните пари би требало да дојдат од држави како Кина и богатите арапски земји. Зголемувањето на фондот на ММФ, кој сега изнесува 250 милијарди долари, може да го намали ризикот, ситуацијата со тешко погодените земји, како Унгарија на пример, да се прошири како зараза на целиот свет.

Целта на состанокот во Париз беше заземање заедничка европска позиција за излез од кризата. И германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе патува на консултации на оваа тема во Лондон.

Deutschland Finanzkrise Rettungspaket Bundestag Angela Merkel und Gregor Gysi
Ангела Меркел се надева на брза реформа на финансиските пазариФотографија: AP

Експертска комисија

Меркел вчера беше на првиот состанок на Експертската комисија во Берлин, составена од стручњаци, кои до 13 ноември треба да предложат конкретни идеи за новата светска финансиска архитектура. Шестчлената комисија е под раководство на поранешен шеф во Европската централна банка, Отмар Исинг. Тој смета дека задача на комисијата не е да го проценува сегашниот кризен менаџмент, туку да ги анализира причините кои доведоа до сегашната криза на финансиските пазари, со цел финансискиот систем во светот во иднина да стои на поцврст фундамент.







Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема