1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа мора да научи да живее со стравот од терор

Кристоф Штрак/превод:БГ23 март 2016

Европа ќе мора да научи да живее со стравот од напади. Колку повеќе ќе делува загрозено чувството на слобода, толку повеќе ќе мораме да се бориме за нашата слобода, смета Кристоф Штрак.

https://p.dw.com/p/1IIDT
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Невини жртви, војници во маскирни униформи, блиндирани возила, паника. Брисел погоден од тероризмот, Европа потресена. Можно е некому тоа да му изгледа и како „војна“, во која се повеќе цивили се жртви на теророт. По ужасите на Втората светска војна, Германија и Европа доживеаја еден речиси редок период на мир- дали тоа завршува? Се навикнуваме ли на вонредни вести смрт од тероризам? Овојпат тоа беше Брисел...

alt - bitte stattdessen 43309813 verwenden
Кристоф ШтракФотографија: DW

Терористите во Париз, Брисел, Бамако, Анкара или било каде на друго место сѐ и остануваат терористи. Нишанат кон човечката и општествената сигурност, кон вредностите и толеранцијата, кон слободата. Целат и кон слободата на религиите и кон слободата да се одбере религија. Сето тоа се вредности на Западот. И токму затоа тероризмот за Западот е голем предизвик, тест на волјата. Нашите вредности мора да се потврдат. Вредноста е во слободното општество, дел од неговата слобода е и безбедноста, но чија слобода не се определува само преку безбедноста.

Меѓу опуштеност и неодговорност

Во тој поглед ќе се менуваат навиките. Денешните конфликти повеќе не наликуваат на оние од минатите векови. Постојат необјавени, асиметрични и хибридни војни. И злосторниците од „Исламската држава“ токму затоа и си го припишаа оваа име за да можат да предизвикуваат или напаѓаат други држави и заедници. Но, јас ним не им објавив војна, ниту пак мојата земја.
Јас очекувам дека мојата земја и другите земји ќе се спротивстват на тоа во рамките на актуелниот поредок. Да, тоа секако ќе отвори многу прашања за внатрешната безбедност. И политичките дебати мораат искрено да се соочат со тоа. Само еден пример: на авионски лет во рамки на Германија, без разлика дали на шалтер или при качување во авион досега не ми барале никаков личен документ. Но мина тоа време. Порано тоа го сметавме за опуштено, а сега за неодговорно.
Кус опис на еден пријател од Брисел кој по нападите во метрото одеднаш од патник се претвори во давател на прва помош: тоа те прави беспомошен и те остава без зборови. При вакви настани, на тие слики човек никогаш не може да се навикне. Утринското патување до работното место не е пат кон фронтот. А одлучната борба против тероризмот не е војна. Нападите ќе ги променат нашите животи, и ќе ја доведат нашата сигурност во прашање. Но ним не смее да им успее да го уништат нашето основно уверување. Затоа мора да застанеме во одбрана на нашата слобода и на повисокото добро без разлика на сѐ.