1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматичен крај на заложничката драма во Дака

ЕМФ/ап/ард2 јули 2016

Безбедносните сили на Бангладеш мораа да употребат сила за да ѝ стават крај на заложничката драма во главниот град Дака. Загинаа 20 цивили, сите странци, а убиени се и неколку напаѓачи. Одговорност за нападот презеде ИД.

https://p.dw.com/p/1JHsT
Фотографија: picture-alliance/AA/Z. H. Chowdhury

Околу десет часа по почетокот на заложничката драма во ресторанот „Холи Артисан Бејкери“, кој е омилен меѓу странците во Дака, безбедносните сили го нападнаа објектот и ослободија повеќе заложници.

Премиерот на Бангладеш Шеик Хасина потврди дека се спасени 13 заложници. Во текот на повеќечасовната заложничка драма, како што соопшти армијата, загинале 20 заложници, а убиени се и шестмина напаѓачи. Еден од напаѓачите е уапсен.

Овде погледнете го видеото за драмата во Дака:

Заложничката драма се претвори во крвопролевање

Во акцијата на спасување, во која учествуваа повеќе од 100 полицајци, дојде до жестока престрелка. Напорите за преговори со киднаперите останаа без успех, соопштија властите. Одговорност за нападот во дипломатскиот кварт презеде терористичката милиција „Исламска држава“. Таа објави фотографии на интернет кои би требало да прикажуваат тела на убиени странци во ресторанот.

Сумон Реза, еден од шефовите во ресторанот, по завршувањето на драмата изјави дека добро видел двајца од напаѓачите. Тие според него не биле постари од 28 години: „Ги видов и тие не носеа бради“, изјави Реза.

Bangladesch Anschlag Schießerei in Dhaka
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Колку заложници вкупно имало во објектот засега сѐ уште не е сосема јасно. Се претпоставува дека биле околу 40-мина. Околу девет вооружени лица во петок навечер влегле во ресторанот и таму се забарикадирале. Според информации од армијата, најголемиот дел од убиените заложници се Италијанци и Јапонци. Во престрелката со полицијата која траела неколку часа напаѓачите убиле двајца припадници на безбедносните сили.