1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДПА: Владата го тестира трпението на Албанците

20 март 2011

На петтиот конгрес на ДПА во Тетово, партијата усвои новата политичка спогодба меѓу Албанците и Македонците, што според нив, ќе ја извади земјата од актуелната политичка криза.

https://p.dw.com/p/RAvz
Мендух ТачиФотографија: Petar Stojanovski

„Гарантирање на рамноправноста и правата на Албанците во сите сегменти на државата и општеството; решавање на споровите со соседите, особено со Грција за името, барајќи согласност и од албанските фактори“ – ова се дел од најважните ставови и барања, кои се содржани во Резолуцијата на петтиот конгрес на ДПА, кој се одржува денеска (20.03.2011) во Тетово.

Со политичката резолуција, ДПА бара „забрзување на активностите за интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ, донесување нов изборен закон, кој ќе ги спречи манипулациите на претстојните избори, гарантирање на независноста на електронските и пишаните медиуми, како и почитување на световниот карактер на државата.“

Оваа опозициона албанска политичка партија ги обвини владата и ВМРО ДПМНЕ дека „ги редуцираа до апсурд правата на Албанците на сите рамништа на системот“. „Никола Груевски ги тестира границите на трпението на албанскиот и меѓународниот фактор. Ако тој не наиде на организирани попречувања во своите постапки, ќе продолжи да спроведува идеи, кои не ќе можат ниту да се замислат. Притоа, ДУИ доживува целосен пораз во своето учество во оваа влада“, порача ДПА од својот конгрес. Таа ги повика владите на Албанија и на Косово „да го имаат предвид систематското и арогантно кршење на правата на Албанците во Македонија“.

ДПА подготвена за избори во секој момент

Mazedonien Albanien Präsident Gorgi Ivanov und Branko Crvenkovski
ДПА не верува во успех на средбата меѓу власта и опозицијатаФотографија: Petr Stojanovski

„Македонија ќе доживее пораз и ќе се претвори во нефункционална држава, ако не се соочи самата со себе, со вистината“, рече Мендух Тачи во своето излагање за активностите на партијата и нејзините органи во изминатиот период. Запрашан дали ќе оди вечерва на средбата на лидерите на политичките партии околу подготовките за одржувањето на предвремените парламентарни избори, свикана од шефот на државата Ѓорѓе Иванов, Тачи неофицијално изјави: „Ниту сум поканет, ниту ќе одам. Не очекувам ништо да се договорат лидерите на партиите што ќе присуствуваат таму. Што се однесува до ДПА, изборите можат да се одржат уште утре.“

Партијата денеска ја донесе новата политичка спогодба меѓу Албанците и Македонците, како модел, според кој „Македонија ќе излезе од сегашната политичка криза и ќе се хармонизираат меѓуетничките односи во земјата“. Портпаролот на ДПА околу споменаттата политичка спогодба, која ја нуди ДПА, кусо кажа: „Продолжуваме напред со нашата програма. Политичката спогодба беше изгласана и како нова политичка платформа на ДПА.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Трајче Тосев