1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче веле поднесе тужба против турско министерство

Дојче веле
26 септември 2016

ДВ поднесе тужба пред суд во Анкара против турското Министерство за млади и спорт поради конфискување на едно интервју со ресорниот министер. Тој потег на турските власти предизвика бурни реакции ширум светот.

https://p.dw.com/p/2Qakr
DW Conflict Zone Türkei - Gast Akif Çağatay Kılıç
Фотографија: DW/M. Martin

Непосредно по снимањето на ТВ-интервјуто за емисијата на ДВ „Зона на конфликти“ (Conflict Zone) кое во Анкара, на 5 септември. го водеше со водителот Мишел Фридман, турскиот министер за млади и спорт Акиф Чагатај Килич (на фотографијата десно) наложи видео-материјалот да се заплени.

ДВ потоа им даде рок на турските власти да го вратат снимениот материјал до наредното претпладне, но Министерството се оглуши на барањето, исто како и на наредното барање и вториот рок кои на турската страна им ги дадоа адвокатите на Дојче веле. Сега ДВ поднесе тужба пред судот во Анкара.

Генералниот директор на ДВ Петер Лимбург ја осуди постапката на турските власти. „Тоа нема никаква врска со правна држава и демократија. Сега по правен пат од турската страна бараме без одолговлекување да ни го врати нашиот видео-материјал.“

GMF 66 | Closing Ceremony Peter Limbourg
Петер Лимбург, генерален директор на ДВФотографија: DW/K. Danetzki

Управниот одбор на ДВ му даде категорична поддршка на овој чекор. Претседателот на одборот Карл Јистен изјави: „Ние се залагаме за неограничена слобода на медиумите. Турција е тесно поврзана со Европа, а тоа подразбира и почитување на основните демократски начела како што е слободата на медиумите. Тука мора да важат слични стандарди. Вознемирувачки е тоа што ДВ мора да поднесе тужба пред суд за да ја добие назад снимката со интервјуто со турскиот министер.“

Освен тоа, Управниот одбор го пзодрави новинарскиот ангажман на ДВ по прашањето на Турција  и на читателите од Германија кои зборуваат турски јазик. Тоа тело истовремено бара за ДВ „да се обезбедат соодветни финансиски средства“ за да може да ја оправда својката одговорност како објективен понудувач на информации во еден политички значаен регион. „Не можеме да го прифатиме она што се случува во Турција во врска со слободата на медиумите. Задача на ДВ е да ги информира сеопфатно и објективно луѓето во таа земја и да ги пренесе ставовите на Германија“, изјави Јистен.

Попоски: Прислушкувањето е дело на Заев

Во емисијата „Зона на конфликти“ на ДВ се интервјуираат познати политички личности од цел свет. Разговорите на англиски јазик по правило будат меѓународен интерес, особено во земјите од кои доаѓаат личностите кои се интервјуираат. Стилот на разгвоор со емисијата е конфронтативен. „Conflict Zonе“ е тврда вербална битка околу позициите и вистината. Водителите - Тим Себастијан и Мишел Фридман - непопусливо го преиспитуваат она што нивните гости го прават на политичката сцена.