1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дичев: Решението на Трифонов се вика уцена

4 јануари 2022

Бугарскиот професор и колумнист на ДВ, Ивајло Дичев ги смета барањата на Слави Трифонов за класична уцена и предлага „алтенативно решение“ со голема доза иронија.

https://p.dw.com/p/457jL
Ивајло Дичев Професор Бугарија
Ивајло ДичевФотографија: picture-alliance/NurPhoto/M. Fludra

Ставовите на шоуменот и политичар Слави Трифонов поттикнаа многу реакции и полемики во Бугарија. Лидерот на партијата Има таков народ во понеделникот побара Бугарија да влезе во Шенген зоната, а САД да ги укинат визите за бугарските граѓани во замена за тргање на блокадата кон Северна Македонија во ЕУ. Трифонов денеска се дообјасни, објавувајќи нов статус на Фејсбук во кој бара „Северномакедонците да ги признаат своите историски бугарски корени“.
Три од четирите партии во бугарската владина коалиција: Промената продолжува, БСП и Демократска Бугарија се дистанцираа од ставовите на Трифонов. Оттаму изјавија дека Софија има јасно зацртана стратегија за преговори со Северна Македонија која дополнително ќе се прецизира на седница на Консултативниот совет за национална безбедност кој го свика претседателот Румен Радев. 

Од друга страна, на ставовите на Трифонов реагираа и повеќе интелектуалци во земјата. Еден од нив, професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија и колумнист на ДВ, Ивајло Дичев оценува дека „решението што Трифонов го предлага за Северна Македонија се нарекува уцена." 

Нобелов медал
Нобелов медалФотографија: Getty Images/AFP/J. Nackstrand

„А историјата покажува дека односите со евроатлантските партнери не напредувале многу преку уцени. Посебно кога терористот (т.е. Бугарија) се заканува да го уништи сопствениот регион и националниот интерес, надевајќи се дека некој ќе оди да го спаси“, пишува Дичев на својот Фесјбук профил. 

Тој, со доза на иронија, предлага поинаква идеја. 

„Многу сум навреден што немаме нобеловец. Па, изјавуваме дека додека не ја добиеме Нобеловата награда за литература, хемија или барем за мир, ќе ги блокираме сите одлуки на ЕУ. Ни проширување, ни фондови, ни ѓавол. И - тврдоглаво, додека не клекнат Швеѓаните!", пишува Дичев. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема