Десетици повредени во железничка несреќа во Барселона
28 јули 2017Несреќата се случи на железничката станица Франција во центарот на престолнината на шпанската автономна покраина Каталонија, за време на утринскиот сообраќаен метеж. Силнот удар го сплескал предниот дел од преполниот регионален воз и откинал парче метал. Како изгледаше ситуацијтата на местото на несреќата, погледнете во следното видео:
Дваесет повредени, меѓу кои и машиновозачот, се префрлени во болница, додека припадниците на службите за итна помош медицински ги згрижиле останатите патници на лице место. Причината за несреќата која се случи во 7 часот и 15 минути, сѐ уште не е позната. Како што пренесува Би-Би-Си, машиновозачот не закочил при влезот во станицата. Голем број патници веќе стоеле подготвени да излезат кога возот удрил во оградата, јави весникот Ла Вангардиа.
Возот доаѓал од селото Сан Висенте де Калдерас во покраината Тарагона на линијата Р2 на железничката служба Родалиес, соопштија службите за вонредни ситуации. Државната железничка компанија Ренфе соопшти дека е започната истрага за инцидентот, пренесува Ројтерс.