1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали руската опозиција е на работ на колапс?

10 март 2012

Опозиционото движење против Путин се соочува со ризик да се распадне само неколку денови по претседателските избори. Некои преферираат мирни демонстрации, додека други се за конфронтација со Кремљ.

https://p.dw.com/p/14IAr
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Напнато“ би бил вистинскиот збор за опишување на расположението меѓу членовите на руската опозиција овие денови.

„Може да се осудуваат акциите на полицијата, но мора да се признае дека некои од организаторите на митингот испровоцираа насилство“, напиша Сергеј Митрочин, шеф на либералната партија Јаблоко, на неговиот блог на интернет платформата „Лајф Журнал“.

Руските немири меѓу полицијата и демонстрантите се случија во понеделникот (05.03) на протестот на московскиот плоштад Пушкин, ден по победата на Владимир Путин на претседателските избори.

Russland Protest Wahlen Ausschreitungen Polizei Gewalt
Руски полицајци притворија околу 250 демонстранти на плоштадот Пушкин во МоскваФотографија: AP

Големиот протест против местењето на гласањето, кој го стави под знак прашалник официјалниот изборен резултат, според кој две третини од гласовите отидоа кај Владимир Путин, беше мирен, додека стотици полицајци во полна борбена опрема се обидоа насилно да ги растераат неколкуте илјади демонстранти кои се колнеа дека ќе останат таму, при што беа приведени 250 луѓе. Подоцна тие беа ослободени.

Војна на зборови

Митрочин за ескалацијата го обвинува главно лидерот на Левичарскиот фронт Сергеј Удалцов. Одговарајќи Удалцов го обвини шефот на Јаблoко за разделување на опозициското движење. Војната на зборови меѓу опозиционите лидери покажа пукнатини во новото движење, коешто еволуираше во Русија по парламентарните избори во декември 2011-та година.

Минатите три месеци на улица излегоа десетици илјади лица, посебно во Москва, за да протестираат против изборната измама и за да се борат за поголема демократија. Протестите во голем дел беа мирни. Но, тоа може да се промени.

„По претседателските избори, движењето би можело да се подели на мирно и радикално крило“, забележува за Дојче веле Леонид, работник од Москва, кој по малку се има вклучено во сите протестни собири. Тој вели дека го одбива насилството. „Можеме да ги присилиме нашите лидери да покренат либерални реформи со мирни протести“, рече Леонид.

Ноевата арка

Russland Präsidentschaftswahlen Milliardär Michail Prochorow in Moskau
Прохоров вети дека ќе ги претставува интересите на демонстрантитеФотографија: dapd

Тешко дека поделбата во рамките на опозиционото движење би била изненадување, бидејќи тоа претставува сојуз на левичарските и десноориентираните либерални политичари, националистите, критичарите на глобализацијата, претставниците на градската средна класа, повозрасните граѓани и студентите. Сите тие заговараат повеќе демократија, но нивните идеи за идното општество не можат да бидат поподелени. Популарниот руски музички критичар и блогер Артемиј Троискиј го опиша движењето како некој вид „Ноева арка“.

Набљудувачите веруваат дека Кремљ можеби би се обидел да го растури протестното движење. Мултимилионерот и претседателски кандидат Михаил Прохоров би можел да ја преземе на себе таа улога. Прохоров освои многу гласови во Москва и другите поголеми градови, а на демонстрантите на плоштадот Пушкин им рече дека тој би ги застапувал нивните интереси.

Постизборните протести покажаа дека опозицијата воопшто не е хомогена. Едноставно, 14.000 луѓе помалку пројавија интерес за протестот на плоштадот Пушкин во споредба со претходните протести.

„Поддржувачите на опозицијата се обесхрабрени, бидејќи нивните лидери не можат да се договорат како да се справат со победата на Путин“, вели Иља Константинов, политички експерт од Москва.

Страв од судири

Anti Putin Demo Sankt Petersburg
Демонстрации против Путин во Санкт ПетерсбургФотографија: picture alliance / dpa

За денеска (10.03.) се планирани повеќе протести. Лидерот на партијата Јаблoко Митрочин им се обрати на порадикалните членови на опозицијата да одржат одвоен митинг. „Луѓето не се заинтересирани само да се појавуваат само за да им бидат смачкани главите“, напиша тој во неговиот блог и предупреди дека безбедносните сили се’ уште се подготвени да интервенираат со полна борбена опрема“.

А, главната цел на протестите е да се присили Путин да се повлече, рече за Дојче веле опозициониот лидер Иља Јашин, кој беше приведен во понеделникот во Москва.

Политичките набљудувачи велат дека опозицијата не само што се соочува со битка за да мобилизира луѓе, туку таа исто така треба да излезе и со нови идеи.

Автор: Роман Гончеренко / Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска