1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали е Емануел Макрон спасителот на ЕУ?

Барбара Везел
27 септември 2017

Емануаел Макрон сака да постави патоказ за иднината на Европската унија. Францускиот претседател сака да се наметне како спасител на Европа, но прашање е колку е подготвен за таа задача, смета Барбара Везел

https://p.dw.com/p/2kmEb
Emmanuel Macron Rede Paris
Фотографија: Reuters/L.Marin

Некој сака да биде нов крал на Европа. Едно нешто е сигурно: францускиот претседател сигурно во секој случај така зборува. А за зборување е надарен. Многумина кои се сомневаат во ЕУ ќе размислат за своите гледишта по говорот на Макрон за историјата и иднината на обединетиот континент. Германската канцеларка Ангела Меркел никогаш не одржала таков говор во нејзиниот политички живот- големата реторика не е нејзин стил. Макрон, од друга страна, верува во моќта на зборовите- најпосле, токму на тој начин, како голем Европеец победи и на изборите.

Напред- но каде?

Макрон не сака да ја придвижи само Франција. Со неговиот говор на париската Сорбона тој исто така претстави и детален патоказ за иднината на цела Европа. Притоа, тој се потруди да покаже дека во неа ќе има по нешто за секого. Деловите за потребата од засилена социјална заштита и солидарност беа наменети за Французите. Неговиот став дек европските држави треба да работат заедно за ефективно да ги заштитат европските граници и да ја намалат миграцијата имаа за цел да и се спротивстават на ксенофобијата.
Тој сака повторно да воспостави заедничка политика на азил. И тука мора да се внимава на деталите: претседателот знае дека токму тоа се стравовите кои ги распламтуваат огновите на десничарскиот екстремизам. На таа тема, со поглед кон германските избори, тој рече: „Никогаш не очекував дека ќе се врати минатото“.
На некој начин, неговите предлози имаат карактер на политичка торба со желби: таа ги содржи речиси сите реформи кои беа предложени и дискутирани во Европа последниве години. На пример, заедничките одбранбени сили, по Брегзит, станаа реалност, за чија основа треба да се одлучи до Божик. Ајде да ги размениме војниците и да ги инкорпорираме во нашите армии, вели францускиот претседател. Тоа беше умешна мешавина на планови за големи реформи и мали чекори кои треба да изградат чувство на успех.
Тој ја поздрави идејата за дигитален данок- во моментов тема на жестока дебата меѓу министрите за финансии на ЕУ- кој во иднина треба да го плаќаат големите интернет компании во земјата каде се генерира профитот. Макрон посакува Европска агенција за иновации: сака да ја обликува дигиталната иднина, да го отвори енергетскиот пазар, да ги заштити земјоделството и безбедноста на храната- тој не пропушта ниту еден добар или корисен проект кој е веќе споменат во Европа, но деталите изостануваат.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел

За секого по нешто- па и за Берлин

Дел од планот на Макрон беше насочен и кон Берлин. Тој и честиташе на Меркел за изборната победа, иако знае дека по неделните избори во Германија не само таа, туку и тој е послаб. Францускиот претседател најде зборови на поддршка за канцеларката во битката против десничарските екстремисти; нему секако му е позната битката против националистите со оглед на искуството со Националниот фронт.
Потоа, речиси патем, Макрон зборуваше и за еврозоната. Потребен е заеднички буџет, вели тој, да се избегнат економските шокови, и тоа на почетокот треба да се финансира од дигиталниот данок. И да, тој исто така сака министер одговорен за супервизија на заедничката валута.

Макрон, кралот на Европа?

Говорот во Париз беше мудро структуиран. Постојните, спорни точки минаа речиси незабележано во мноштвото реформски планови. Ќе има напредок во некои области: одбраната, граничната безбедност, борбата против тероризмот итн. Оттука, Макрон нема да заврши со празни раце, како губитник, дури и доколку само дел од неговите предлози ги минат водениците на европската политика.
Но, дали францускиот претседател ќе ја преземе лидерската палка од Меркел на континентот? Тешко, затоа што тој знае дека му е потребно нејзиното искуство и нејзиниот талент за практична политика, компромис и решенија. Без канцеларката неговите шанси се многу мали: тие двајца би можеле да повратат дел од моќта на Европа само доколку работат заедно.
Но, Макрон го има она што и недостасува на Меркел: тој умее да говори за суверенитетот, единството и демократијата во Европа на начин кој ќе ги натера луѓето да слушаат. И во најмала рака, тој барем бара начин како да ја обликува иднината на Европа.