„Да направиме барем еден чекор“
2 октомври 2017Балканот е центар на новиот проект на Дојче Веле - Balkan Booster, во чии рамки 14 млади луѓе од регионот, меѓу нив и Македонци, секојдневно ни ги пренесуваат своите впечатоци за регионот, известуваат за својот живот, своите соништа и перспективи. Тие одат во посета на соседни земји во регионот, ги запознаваат соседите и се соочуваат со предрасудите.
Прв двоец во проектот беа еколошкиот активист Александар од Подгорица и студентот по културологија Марко од Винковци. Александар една недела му беше гостин на Марко. Неделата на шарени, напорни и забавни денови - ја измиксавме во следново видео. И ги прашавме момците: како им се допадна нивната Balkan Booster - авантура?
Содржините ќе можете да ги најдете под хаштагот: #dw_BalkanBooster на Фејбук (dw.macedonian) или Твитер (@dw_macedonian)