1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчките пензионери - жртви на спасот од „грегзит“

Кристијан Јабург/сн25 јуни 2015

Социјалната мрежа во Грција има толку многу дупки, што често пензионерите се тие кои ги прехрануваат своите семејства. Токму затоа кратењата од минатите години толку тешко ги погодија Грците.

https://p.dw.com/p/1FnHy
Фотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

Големи скокови веќе подолго не можат да направат - грчките пензионери, одамна се исцицани: осум кратења во последните четири години - во просек еден грчки пензионер сега добива 700 евра месечно. А сега очигледно престојат нови кратења, во обидот на владата на Алексис Ципрас, да избегне банкрот, односно да не настапи сценариото „грегзит“.

Поради тоа тие секогаш одново излегуваат на улица, да протестираат, бидејќи речиси половина од пензионерите падна под границата на сиромаштијата.

Погледајте повеќе на оваа тема:

Кратења за грчките пензионери?

И касата на пензискиот фонд е празна, бидејќи се’ помалку Грци работат и ги плаќаат пензиските придонеси. Платите исто така паѓаат. Така државата мора да затвора се’ повеќе пари за старите. Тоа веќе не треба да се случува, велат ММФ и Европската комисија.

Дополнително кај пензионерите годишно треба да се заштедат 1,8 милијарди евра,и возраста за пензионирање веднаш да се зголеми на 67 години. И, додатоците за најсиромашните пензионери ќе треба да се укинат.

Овие барања ја доведуваат грчката влада во огромна дилема, затоа што едно од главните изборни ветувања на партијата Сириза беше дека повторно ќе се зголемат пензиите.

И судството го поддржува планот: За него секое намалување на пензиите е неуставно. Тоа значи дека државата всушност мора да издвои уште околу 1,5 милијарди евра повеќе за пензионерите.