1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција - сите зборуваат за тоа, никој не знае!

З.Јордановски/афпд4 јули 2015

Иако до неодамна категорично беше исклучувана таква можност, сега таа е се’ поверојатна: дека ќе има и трет пакет за помош на Грција. Само, никој не знае ни во колкав обем, ни под кои услови, ниту кој ќе го финансира.

https://p.dw.com/p/1FsND
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Messinis

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во изминатите денови веќе побара, германскиот канцелар Ангела Меркел има намера за тоа да разговара дури по референдумот. А во последниот предлог на доверителите веќе беше спомената во фуснота: „трета програма за помош“ за Грција. Сите ја зборуваат, но никој ништо не знае за неа. Во моментов е целосно нејасно дали би можело да има таква програма и под кои услови, колкав треба да биде нејзиниот обем и како треба да биде финансирана.

Каква улога игра референдумот во Грција?

До спроведувањето на референдумот веќе нема да стане збор во врска со било каква програма за помош. Ангела Меркел сака „на мира да сочека“, Значи преговори ќе има од понеделник натаму.

Што ќе се случи ако Грците се изјаснат со „НЕ“?

Ако Грците ја одбијат втората програма за помош - која и онака веќе е завршена - заедно со реформите наложени во неа, тогаш ќе биде неверојатно тешко. Оти, Европејците во иднина нема да праќаат пари во Атина без одредени услови. Во таков случај на кризни седници наредната недела ќе се бара модус како да и’ се помогне на Грција. Во Берлин веќе се зборува за „хуманитарна помош“. Неизвесно е кои европски фондови би дошле предвид за тоа.

Griechenland Athen Schuldenkrise Vorbereitungen Referendum
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pantzartzi

А ако Грците кажат „ДА“?

Во то случај владата во Атина, предводена од Левицата, би морала да спроведе решение кое еднаш веќе го доби. Тоа не е некоја привлечна перспектива за Грците, но ни за Европејците. Можеби владата на Ципрас ќе поднесе оставка и ќе има нови избори. Тогаш би биле можни сосема нови преговори дури кога еврозоната повторно ќе има во Атина партнер за преговори.

Што сака Ципрас?

Премиерот Ципрас уште во вторникот замоли за „помош за финансиска стабилност“ во форма на кредит од фондот за спас ЕСМ. Тој наведе финансиска потреба од 29,1 милијарди евра. Атина истовремено бара „реструктуирање“ на нејзините долгови.

Од каде би можеле да дојдат пари за трета програма за помош?

Европските партнери помошта за Грција досега је реализираа од Европскиот фонд за финансиска стабилност - ЕФСФ, востановен пред пет години. Таа програма заврши на полноќ во вторник спроти среда (30.06./01.07.). Од ЕФСФ не смее да се дава натамошна помош; на располагање сега стои постојаниот Фондот за спас на еврото - ЕСМ, кој располага со 500 милијарди евра.

Кој решава за помош од ЕСМ?

Решенија за нови програми донесуваат министрите за финансии на државите од еврозонатаво таканаречениот Гувернерски совет на ЕСМ - и тоа едногласно. Значи, не е можно решение спротивно на ставот на Берлин, дури ни кај итни одлуки, за кои е доволно квалификувано мнозинство. Врз основа на величината на уделот на германски капитал, во ЕСМ Берлин располага со малцинско право на блокада.

Може ли германскиот министер за финансии сам да реши за ставот на Германија?

Не. Оти, кога е „засегната севкупната буџетско-политичка одговорност на Германскиот Бундестаг, мора во донесувањето решение да е вклучен и парламентот. Тој прво треба на министерот Шојбле да му додели мандат за преговори, а потоа и да даде согласност за евентуалното решение договорено во Гувернерскиот совет на ЕСМ.

Каква е постапката во ЕСМ?

Прилично компликувана и, може да се претпостави, долготрајна. Грција би морала официјално да поднесе барање. Потоа Комисијата на ЕУ, Европската централна банка (ЕЦБ), и, по можност, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги проверуваат предусловите - меѓу другото и границата до која земјата може да го сервисира долгот. Многумина сметаат дека тоа одамна не е можно без отпис на долговите.

Но, во предусловите спаѓа и дали има „загрозување на стабилноста на целокупната еврозона или на најзините земји-членки“. Ова прашање веројатно ќе предизвика многу кавга во Берлин - дури и во редовите на коалицијата.

А што е со ММФ?

Грција веќе е во заостаток со враќањето на кредитите кај ММФ. Тоа го отежнува учеството на ММФ во наредни програми за помош. Но, ни Германија не е за нов пакет за помош без учество на ММФ. Експерти на ММФ пресмета дека во наредните три години Грција ќе има потреба од финансиска помош од европските партнери во вкупен обем од 36 милијарди евра. Освен тоа, експертите пледираат за подолги рокови на отплата или дури и за отпис на долгови.