1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција не поднесе нов предлог!

З.Јордановски/дпа/афпд/ртр7 јули 2015

На средбата на министрите за финансии од Еврогрупата, која му претходи на вечерашниот вонреден самит на ЕУ, Грција дојде без очекуваниот нов предлог. Таа сепак ќе бара помош од ЕСМ-фондот.

https://p.dw.com/p/1Fu4x
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pantzartzi

Новиот грчки министер за финансии Евклид Цакалотос (насловна фотографија) денеска на министерската средба на Еврогрупата на колегите не им поднесе никаков нов предлог за реформски мерки, со што евентуално би и’ се овозможило да добие натамошна помош ое партнерите од еврозоната. Таков предлог беше очекуван и баран од страна на доверителите.

Грција сепак ќе поднесе ново барање за помош од европскиот фонд за спас ЕСМ и тоа, според најавите од Брисел, веќе утре. Европските министри за финансии сметаат дека барањето мора да биде поткрепено со веродостојни реформски предлози, известува агенцијата ДПА од средбата на Еврогрупата во Брисел.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас бара подршка од Европскиот парламент во спорот околу долговите на неговата земја. Претставник на владата во Атина најави дека Ципрас утре ќе им се обрати на европратениците, јавува агенцијата Ројтерс. Ципрас, според истата агенција, на вечерашниот вонреден самит на ЕУ нема да им презентира предлози за реформи што би ги спровела неговата влада, за возврат за натамошна финансиска помош. Предлозите можеби ќе бидат поднесени утре, се вели од кругови на еврозоната.