1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција не плати - и сега?

Е.М.Фиданоска /ард/дпа/ртр/афп1 јули 2015

Рокот истече точно на полноќ: Грција не му ја плати на ММФ ратата од 1,5 милијарди евра. На полноќ истече и програмата за помош на Грција. Земјата се тетерави кон банкрот. Незапирливо?

https://p.dw.com/p/1FqyY
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Грција не ја исполни обврската кон Меѓународниот монетарен фонд. Ратата од 1,5 милијарди евра која мораше да биде платена до ноќеска на полноќ не е исплатена. Тоа го потврди и ММФ во кусо соопштение. Со тоа Грција е првата индустриска земја која има заостанат долг кај ММФ и важи за платежно неспособна.

Атина ќе може да добие натамошни средства откако ќе го плати заостанатиот долг, соопшти портпаролот на ММФ Гери Рајс. Фондот, освен тоа, потврди дека Грција во последна минута молела за одлагање на плаќањето на ратата. Околу тоа ММФ ќе разговара кога за тоа ќе дојде време, дополни портпаролот.

Нема можност за санкции

ММФ нема начин да ја санкционира Грција веднаш. Тој може само да изрече мерки. Шефицата на ММФ Кристин Лагард на викендот сигнализираше дека вратата за натамошни разговори со Атина не е целосно затворена.

Неколку часа пред истекот на рокот американскиот претседател Обама се изјасни околу состојбата во Атина: „Тоа е работа која во прва линија ја погаѓа Европа. Но ние мора да бидеме подгтовени на можна опасност од зараза. Не е шок како во случајот со Лиман. Ние сериозно го сфаќаме проблемот, но во моментов нема потреба од претерани реакции“, рече Барак Обама.

Истече и програмата за помош

На полноќ истече и програмата за помош на Грција од страна на евро-партнерите. На Грција не и‘ успеа да спречи крај на програмата во последен момент. Министрите за финансии на Еврогрупата вчеравечер околу еден час ги разгледуваа предлозите на грчкиот премиер Алексис Ципрас доставени во Брисел претпладнето. Тој, покрај краткорчното продолжување на втората програма за помош, побарал пред се‘ нова програма со рок од две години, која би одела преку новиот чадор за спас ЕСМ. Ципрас конкретно барал помош за стабилизација од речиси 30 милијарди евра, за земјата да може да ги враќа долговите кои ќе доспеваат во периодот од 2015 до 2017 година.

Друг елемент на новите предлози на Атина било и барањето за реструктуирање на постоечките долгови во рамки на стариот чадор за спас ЕФСФ. Како тоа реструктуирање би требало да изгледа, Ципрас не наведува. Веројатно е дека предлогот оди во насока на одлагање на отплатата на долговите и повторно намалување на каматите, јави првата германска телевизија АРД.

И покрај отфрлањето на предлозите од Атина, Еврогрупата за претпладнево договори нова телефонска конференција. Грција, според првиот човек на Еврогрупата Јерун Дајселблум треба да поднесе нови предлози за кои ќе се дискутира. Дајселблум вчеравечер стави јасно до знаење дека грчката молба за нова програма ќе биде разгледувана дури по референдумот на 5 јули и додаде дека евентуалната трета програма за помош би можела да биде поврзана со поостри услови отколку досегашните. И германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека Берлин смета оти не е можно да се водат нови прегвоори пред да се одржи референдумот во недела. Грчката влада со своето однесување се одлучи за истек на актуелната програма за помош, додаде таа.

Eurogruppen-Chef Dijsselbloem Grexit Schuldenkrise
Јерун Дајселблум најави нова средба на ЕврогрупатаФотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Nijhuis

ЕЦБ дискутира за итните кредити за помош на грчките банки

Европската централна банка денеска ќе разговара за т.н. ЕЛА-итни кредити за грчките банки. Според грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис, Атина ја замолила ЕЦБ да ја разгледа можноста за зголемување на ЕЛА-итната помош. Банката на викендот одлучи да не ги прекинува ЕЛА-кредитите, но и да не го зголемува нивниот волумен од околу 90 милијарди евра, што значи практично замрзнување на актуелното ниво.

По ваквата одлука на ЕЦБ, владата во Атина донесе одлука банките во земјата да останат затворени и да биде ограничен износот на пари кој може да се добие на автоматите и тоа на 60 евра дневно. Денеска околу 1000 банки во земјата би требало да отворат за период од три дена за да бидат исплатени пензиите. Поради воведената контрола на протокот на капитал агенцијата Фич го симна рејтингот на Грција на само еден степен пред банкрот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема