1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција доби нови 1,1 милијарди евра помош

ЕМФ /дпа/ртр/афп
11 октомври 2016

Грчката влада се надеваше на 2,8 милијарди евра од третиот пакет за помош, а доби само 1,1 милијарда. За остатокот од 1,7 милијарди сѐ уште нема зелено светло од еврoпските министри за финансии.

https://p.dw.com/p/2R6EC
Luxemburg - Pressekonferenz zur Hilfe für Griechenland - Jeroen Dijsselbloem, niederländischer Finanzminister, Chef der Eurogruppe
Фотографија: DW/B. Riegert

Грција доби уште една финансиска инјекција. Европските министри за финансии во Луксембург дадоа виза за 1,1 милијарди евра за Атина, соопшти шефот на Еврогрупата, Јерон Дејселблум (на фотографијата). Одлуката за преостанатите 1,7 милијарди евра треба допрва да биде донесена, поради тоа што од Грција не биле добиени неопходните информации. Кога тие информации ќе стигнат, брзо ќе следува зелено светло и за преостанатите пари. Исплата на двата дела во тој случај би можела да биде одобрена од страна на фондот за спас ЕСМ на 24 октомври.

По средбата во Луксембург, министрите за финансии ја пофалија грчката влада за 15-те реформски чекорипреземени според договорот. Меѓу другото, пофалби стигнаа за реформата на пензискиот систем и на енергетскиот сектор, како и продажбата на државен имот. Грчкиот мниистер за финансии Еуклид Цакалотос изјави дека партнерите едногласно дале потврда за реформските чекори на Грција.

Атина и земјите од Еврогрупата во јули минатата година постигнаа договор за трет пакет за помош во висина од 86 милијарди евра. Тоа беше неопходно за Грција да се спаси од банкрот. Последната исплатена транша помош годинава од 7,5 милијарди евра беше реализирана во јуни. Овие 2,8 милијарди евра за кои сега се разговара требаше всушност да бидат исплатени во септември, нотоа се одолговлече поради недоволните реформи од грчка страна.