1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците позитивни кон ЕУ

20 декември 2006

Најновите резултети од истражувањето на јавното мислење што го спорведе Евробарометар покажуваат дека на две недели пред преземањето на претседателството со ЕУ, Германците му даваат поддршка на европскиот проект.

https://p.dw.com/p/Adm2
ЕУ
ЕУФотографија: AP

Германците не се уморни од Европа, вели Герхард Сабатил. Како преставник на Европската Комисија во Берлин тој е оптимист кога станува збор за заедничка Европа. „Ние можеме да заклучиме дека постои поддршка, поволен ветар кога станува збор за престојното претседателствo на Германија со ЕУ, иако само 40 проценти од испитаниците граѓани на Германија се запознаени со тоа дека Германија го презема претседателството со Унијата”.

Речиси 70 проценти од испитаниците сметаа дека е особено важно што Германија доаѓа на кормилото на ЕУ.

Овие бројки ја покажуваат атмосферата по прашањето на ЕУ. Испитувања се вршат и во Романија, Бугарија, Хрватска и Турција како и во Северен Кипар.

Со доза на олеснување преставникот на ЕУ истакнува дека европскиот устав, проектот број еден во европската политика излезе од кризата во која се наоѓаше меѓу Европјаните. „73 проценти од Германците сметаат дека треба да постои европски устав. Ширум Европа вака мислат 53 отсто испитаници, значи повеќе од половина критични“ вели Сабатил. „Уште поважно е што во Холандија, а сега и во Франција се повеќе луѓе го подржуваат европскиот устав“.

Овие две земји со референдум го одбија, сега се очекува дека овој процес ќе биде замрзнат до претседателските избори во Франција, во мај месец наредната година. Германската канцеларка Ангела Меркел настојува да пронајде решение до 2009 година.Тоа што само 40 проценти испитаници во Германија знаат дека Ангела Меркел во првата половина на 2007 година ќе седи на претседателското место на ЕУ е можеби последица на тоа што анкетата е работена во септември и октомври месец. Во меѓувреме во Берлин веќе и да нема настан поврзан со германското претседателство со Унијата за кое граѓаните нешто не знаат.

Ставот на Германците се на се е доста позитивен во однос на ЕУ, смета Карстен Клут кој го водеше анкетирањето.„Германците и Европјаните и натаму сметаат дека е многу добро да постојат стабилни вредности какви што имаше последните години во ЕУ и дека тоа е многу добра работа. Поголемиот дел од Германците верува дека нивната земја профитира од членството во Унијата, но и голем дел од Германците се сомнева дека членството на нивната земја во ЕУ ќе има влијание на нивниот личен живот“ вели Клут.