1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извинување

15 декември 2011

Сојузниот претседател на Германија, Кристијан Вулф денеска јавно се извини поради скандалот со приватниот кредит кој предизвика жестоки критики во јавноста во земјата.

https://p.dw.com/p/13Tcz
Германскиот претседател Кристијан ВулфФотографија: dapd

Во 2010 пред парламентот на германската покраина Долна Саксонија, Кристијан Вулф тогаш во својство на покраински премиер изјави дека не земал кредит од едно богато претприемачко семејство, но подоцна се откри дека тој сепак позајмил околу 500 илјади евра. „Погрешив што не го пријавив овој приватен заем, бидејќи и онака немав што да кријам“, изјави Вулф. Тој најави дека ќе ги стави на увид на јавноста сите податоци околу заемот.

Информацијата за заемот на Вулф предизвика вистинска политичка врева во Германија. Медиумите известуваа дела претседателот Кристијан Вулф во 2008 година од сопругата на негов пријател, бизнисмен, добил кредит од 500 илјади евра за купување куќа. Кога во покраинскиот парламент во Хановер во 2010 година пратениците од Партијата на зелените го поставиле прашањето за неговите евентуални деловни односи со претприемачот Егон Гееркенс, сопруг на жената од која добил позајмица, Вулф не го споменал кредитот.
Портпаролот на германскиот претседател Олаф Глесекер во Берлин истакна дека Вулф своевремено „коректно“ одговорил на барањето на Зелените. Опозиционите партии, Зелените и Социјалдемократската партија, побараа од германскиот претседател да ги разјасни сите прашања околу овој случај.

Автор:БГ/СН/дпа

Редактор: Симе Недевски