1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

6 април 2010

Lena Meyer-Landrut, девојката што ќе ја претставува Германија на Евровизија и натаму доминира на Германскиот топ десет. Дали таа ќе успее да и` ја донесе втората победа на Германија во историјата на Евросонг?

https://p.dw.com/p/Mlyn
„Само“ втора на листата најславни Британци - Cheryl ColeФотографија: AP

1. Lena Meyer-Landrut - Satellite

Lena Meyer-Landrut е годишната надеж на Германија за изборот на песна на Евровизија во Осло. Германија досега само еднаш победила на овој натпревар и тоа во 1982 година, кога Nicole пееше Ein bisschen Frieden, односно Само малку мир.

2. Stromae - Alors On Danse

Stromae, односно Paul Van Haven ја почнал својата кариера како рапер во хип-хоп формацијата Suspicion. По само две години се одлучува да заплови во соло-водите, а за да го финансира своето образование на приватните музички академии морал да работи во фаст-фуд ресторан. Кога е неговата музика во прашање, Stromae вели дека ја разбира како хип-хоп во електро-хаус стил.

3. Unheilig - Geboren um zu leben

4. Cheryl Cole - Fight for this love

Иако многумина мислеа дека Cheryl Cole ќе го заземе првото место на листата најславни личности во Велика Британија, таа сепак осамна на второто место, додека тронот и` припадна на Австралијанката Kylie Minogue. На третото место се најде David Beckham, додека неговата сопруга Victoria не успеа да обезбеди пласман на листата најславни личности на Островот. Листата беше составена од преку две илјади испитаници, кои требаше да одговорат на прашања за славните личности и брендовите.

Lena Meyer-Landrut
Од анонимна ученичка, до германски претставник на Евровизија - Lena Meyer-LandrutФотографија: picture alliance/dpa

5. Kesha - Tik Tok

6. Lena Meyer-Landrut - Bee

7. IYAZ - Replay

Вистинското име на IYAZ е Keidran Jones, доаѓа од Британските девствени острови, а неговата интернационална музичка кариера почнала на несекојдневен начин - Sean Kingston, кој самиот се прослави пред неколку години со хитот Beautiful Girls, слушнал неколку песни на IYAZ на неговиот профил на Myspace и му испратил порака во која го прашува дали е заинтересиран за соработка. Кога IYAZ ја видел пораката, најпрвин не одговорил, мислејќи дека е некоја „местенка“, но откако примил уште неколку пораки од Sean Kingston конечно воспоставиле контакт, што подоцна доведе до потпишување договор за снимање албум, кој треба да се појави оваа пролет.

Iyaz
Уште една MySpace ѕвезда - IYAZФотографија: Iyaz

8. Lena Meyer-Landrut - Love Me

На младата Lena, која има 18 години, не само што и` претстојат подготовките за настапот на Евровизија во Осло, туку истовремено мора да се подготвува и за полагање на државната матура. Таа неодамна изјави дека и` е многу повеќе страв од матурата, што се полага кон средината на април, отколку од настапот пред огромната публика во Осло.

9. David Guetta feat. Kid Cudi - Memories

10. Rihanna - Rude Boy

Rihanna неделава се спушта за една позиција на Германскиот топ десет, меѓутоа тоа не е она што најмногу ја загрижува во моментов. Пејачката од Барбадос наскоро планира да лансира свој парфем, но не знае како да го нарече, па затоа од своите фанови побара помош. Rihanna најпрвин размислувала за "Рута 22", но се откажала од идејата, бидејќи не и` се чинела доволно интересна. Доколку имате некој предлог, тогаш можете да го напишете на нејзината официјална интернет-страница, иако не се знае каква награда ќе добие „кумот“ на парфемот на Rihanna.

Извор: Media Control GfK / Трајче Тосев