1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски пари за Доналд Трамп

Ларс Халтер/сн25 март 2016

Дојче Банк е најважен финансиер на бизнисменот Доналд Трамп. Германската банка нему досега му позајмила најмалку 2,5 милијарди долари, други банки одамна ги имаат запрено нивните зделки со клиентот Трамп.

https://p.dw.com/p/1IJmu
Фотографија: picture-alliance/dpa/EPA/S. Thew

Неговите предци потекнуваат од Калштад, село во близинa на Франкфурт на Мајна. А токму од овој германски град тој добива и кредити. Како што се дозна неодамна, поголемиот број кредити на њујоршкиот тајкун со недвижности веќе со години му ги дава токму Дојче банк. Најголемата германска банка му позајмува на Трамп милијарди долари. Но, тоа беше тешка бизнис соработка за двете страни.

На адреасата Волстрит 40, само неколку чекори од њујоршката берза се наоѓа еден од најпознатите облакодери на Менхетен. Изграден е 1930. година, покриен со бакарен лим. Некогаш тоа беше највисоката зграда на светот. Облакодерот во 1995. година го купи Доналд Трамп и го обнови со пари од Франкфурт.

Како што пишува „Волстрит журнал“ на Трамп, Дојче банк му дала кредит од 125 милиони долари. Тоа е првиот од низата кредити.

Германска банка го финансира Трамп

Во 2003. година оваа банка го поддржа Трамп и неговите казина во Атлантик Сити.

Во 2005. година Трамп Интернешанл Хотел и Тауер во Чикаго. Следеа кредити за Дорал Голф Резортот на Трамп во Мајами, на Флорида. Подоцна финансирање на еден облакодер на 6-тата авенија во Њујорк.

А штотуку се работи на санација на старата пошта во Вашингтон.

Досега Дојче банк сама или заедно со други на Трамп за разни проекти му позајмила најмалку 2,5 милијарди американски долари. А му ветила уште кредити од 1 милијарда долари.

Дојче банк е најважниот извор на пари за Трамп и остана осамена. Поголемиот број американски банки веќе подолго време не соработуваат со него, бидејќи е познат не само по своите успеси туку и по бизнис егзибиции. Ситигруп, ЏП Морган Чејс и Морган Стенли не сакаат да соработуваат со него.

И за Дојче банк Трамп е тежок клиент. Поради разни процеси и спорови Трамп за некои банки во Франкфурт е „персона нон грата“. Други, во одделот на Дојче банк за соработка со приватни клиенти, и понатаму ги финансираат проектите на Трамп, на пример Голф- разортот во кој Трамп планира да слави ако победи на претседателските избори во САД во ноември.