1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската љубов кон бувјаците

СН/ дв
24 мај 2018

Пазарите на стари и употребувани предмети имаат традиција во Германија. Таму има за секого по нешто, така барем сметаат милиони Германци кои најмалку два-три пати во годината посетуваат бувјаци.

https://p.dw.com/p/2yGA5
Deutschland NRW will Neuwarenverkauf auf Trödelmärkten regulieren
Фотографија: picture alliance/dpa/H. Ossinger

Во Германија годишно се одржуваат околу 50.000 бувјаци. Пазарите за стари и употребувани предмети ги има во секој град. На пазарите се собираат илјадници продавачи и посетители.

Моника, која редовно продава на ваквите пазари смета дека ја знае причината за љубовта на Германците кон ваквите пазари: „Посетителите на бувјаците се во потрага по нешто посебно. Тие бараат нешто што го нема во продавница. Затоа и доаѓаат“

Бувјаци во Германија

А доколку се има среќа, дури може да се најде и нешто многу вредно. Така на пример пред неколку години на еден пазар на стари предмети за само 5 евра беше купена слика од прочуениот сликар Реноар.

Подоцна ова уметничко дело беше продадена за 100.000 евра.