1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада загрижена поради инцидентите на изборите во Македонија

2 јуни 2008

Оценката на германската влада за изборите во Македонија ја пренесе заменик-портпаролот на Министерството за надворешни работи Андреас Пешке на редовната владина прес-конференција во Берлин.

https://p.dw.com/p/EBIz
Официјален Берлин бара расчистување на инцидентите и казнување на иницијаторитеФотографија: AP

„Сојузната влада со голема загриженост ги прими информациите за нерегуларности и насилства, кои фрлија темна сенка врз изборите во Македонија. Инцидентите се неприфатливи и ја подриваат довербата на народот во демократските процеси. Апелираме случаите на насилства и нерегуларности, што ги имаше и во текот на предизборната кампања, до крај да се разјаснат и иницијаторите да бидат повикани на одговорност. Политичките сили во Македонија сега треба да се концентрираат на тоа да гарантираат непроблематично прегласување на избирачките места во кои имше инциденти. Очекуваме повтореното гласање да биде слободно, фер и во согласност со меѓународните стандарди“, изјави заменик-портпаролот на германското министерство за надворешни работи Андреас Пешке.

►◄