1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Кина топло, во САД ладно?

Фабијан фон дер Марк
25 мај 2018

Министерот за надворешни работи Мас во САД почувствува ново заладување на односите. Од друга страна топол пречек за Меркел во Кина. Актуелната состојба е опасна за Германија, смета Фабијан фон дер Марк.

https://p.dw.com/p/2yGSK
China Peking - Angela Merkel bei treffen mit Xi Jinping
Фотографија: Reuters/J. Lee

Сигналите не може да бидат поразлични. Германската канцеларка беше пречекана со големи почести во Пекинг. Црвен тепих, единство пред печатот и еден конкретен подарок за добредојде - Кина ги намали царините за увоз на автомобили. Се работи за светскиот шампион во извоз Германија и нејзиниот најдобар коминтент Кина.

Министерот за надворешни работи Мас пак истовреме во САД доби сосем спротивен прием. Неговите соговорници не отстапуваат ни милиметар. Напротив, американскиот претседател Трам користи алатки за притисок и воведува во игра нови царини за увоз на автомобили. Директен напад врз основниот бизнис во Германија – и не е единствен кој доаѓа од другата страна на Атлантикот.

Преголемо за да пропадне?

И што сега, едноставно да се променат страните? Да се отпише се поагресивната Америка и да се потпрат на растечката и позитивно настроена Кина? Тоа не доаѓа предвид за Германија. Партнерството со Америка е толку блиско и важно, за Германија дури и системски релевантно. „Премногу големо за да пропадне", тоа е пораката која Меркел и Маас сакаат секаде да ја испратат.

Канцеларката и нејзиниот министер во Вашингтон неодамна го повторија значењето на трансатланстките врски: заедничка историја, културолошка поврзаност, безбедносно-политичко партнерство во НАТО. Дури и ако Трамп не го цени германско-американското пријателство, Германија не се откажува едноставно од големиот сојузник.

Германија е свесна за моралното право на „верниот партнер“. Сојузната влада продолжува да ги поддржува заедничките вредности и ветувања од изминатите неколку години: мултилатералност, слободна трговија и човекови права. Или сосема конкретно: договорот со Иран, правилата на СТО, заштитата на климата. Затоа, Хајко Мас јасно ја повтори единствената европска позиција. Исто така за конкретно да покаже: Германците се верни на дадениот збор и не се сами.

Кина и Русија на страна на ЕУ

von der Mark Fabian Kommentarbild App
Фабијан фон дер Марк, автор на коментарот

Во Кина Ангела Меркел посети сојузник со заедничка кауза - исто како претходно во Русија. И Пекинг и Москва сакаат со ЕУ да се држат до постигнатиот договор за Иран. Поддршката меѓу потписниците е важна. Притоа поради сличностите бргу стануваат присни. Разликите за теми како демократијата и човековите права не мора да се споменуваат, а дури и во однос на економските прашања разликите се големи.
Фронтот кој Германија и Кина го градат околу Иран, се рони малку кај темата „интелектуална сопственост“. Германија и САД се согласни дека кинеската шпионажа и пиратерија се закана што мора да се реши со цел да се заштитат сопствените интереси. Вакво заедништво може Германија да го искористи во односот со Америка. Со Пекинг тоа е само еден од бројните проблеми- тешкиот пристап за германските претприемачи е уште еден проблем.