Германија ќе инвестира во образованието
23 октомври 2008За образование и истражување во Германија до 2015 година, ќе се издвојуваат десет проценти од брутонационалниот производ. За ова се договорија сојузната влада и 16-те покраини на еднодневниот Самит за образование кој вчера се одржа во Дрезден. Преведено во бројки, тоа значи дека годишно ќе се доделуваат меѓу 25 и 60 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна. Таа истакна дека резултатите од Самитот за образование преставуваат огромен чекор напред: „Свесни сме дека луѓето ни се најдобрите ресурси коишто ги имаме. Просперитет за сите значи и образование за сите,“ рече Меркел.
Нејасно е колкав уддел ќе имаат покраините и државата
Остана отворено прашањето, колкав дел од трошоците ќе преземе сојузната влада, а колку покраините. На средбата беше договорено, дека една така наречена Група за стратегија, составена од претставници на сојузната влада и на покраините, треба по парламентарните избори во 2009-та година да изготви предлози за финансирањето на пакетот за образовниот систем. Покраините остануваат на барањето, за образованието да добијат поголем повраток од данокот на промет. Барањето засега е одбиено. Градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт по средбата истакна дека генерално е незадоволен со финансиските ветување на сојузната влада за севкупниот пакет: „Кога сојузната влада вели дека треба да учествува , дека сака да учествува , тогаш мора да даде и пари“ - истакна Воверајт.
Планирани се повеќе реформи
Инаку во Дрезден, меѓу другото е договорено до 2015 година да се преполови бројот на учениците и оние на дообука, кои предвреме ја прекинуваат наставата. Со новите мерки, треба да се обезбедат и јазични курсеви за децата на мигрантите, да се воведат обврзни јазични тестови за децата од претшколска возраст, да има училишта со подобро обучени наставници и помали одделенија. Превидено е и да се воведат дополнителни места за студирање, како и да им се дадат дополнителни шанси за образование на невработените.