1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија сака место во Советот за безбедност

ЕМФ /агенции
29 март 2018

Шеф-дипломатот на рекламна турнеја: Хајко Мас за Германија бара непостојано место во Советот за безбедност на Обединетите Нации.

https://p.dw.com/p/2vC3v
Bundesaußenminister Maas bei den Vereinten Nationen
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас разговараше со генералниот секретар на ОН, Антонио ГутерешФотографија: picture alliance/dpa/K. Nietfeld

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во Њујорк ја зацврсти кандидатурата на Германија за непостојано место во Советот за безбедност и побара зајакнување на Обединетите Нации. Тој подвлече дека Германија е подготвена за вклучување во меѓународната кризна дипломатија. Мас не смета дека Израел како конкурент за непостојано место во СБ на ОН е проблем.

„Живееме во време, во кое ни се потребни повеќе, а не помалку Обединети Нации“, оцени шефот на германската дипломатија по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Мас потсети дека Германија е „втор плаќач“ во ОН и еден од најважните испраќачи на трупи во меѓународни мисии. Како непостојана членка на СБ, Германија има намера да се вклучи пред сѐ во превенција на кризи, информираше Мас. Во фокусот, освен тоа, ќе биде и промената на климата како ризик за конфликти.

Bundesaußenminister Maas bei den Vereinten Nationen
Хајко Мас во Обединетите НацииФотографија: picture alliance/dpa/K. Nietfeld

Покрај петте постојанки членки на Советот за безбедност - САД, Русија, Кина,Франција и Велика Британија, десет други држави секои две години се избираат за непостојани членки. Германија беше непостојана членка во 2011 и 2012 година и сака по шести пат да стане тоа во периодот 2019-2020 година. Конкуренти на Германија се Белгија и Израел.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид