1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Револт поради „нацистичките“ споредби на Ердоган

СН/ агенции
6 март 2017

„Ненормално“, „неверојатно“, „неприфатливо“- вака реагираа водечки германски политичари на најновите изјави на турскиот претседател. Ердоган со сета сериозност ги обвини германските власти за „нацистички практики“.

https://p.dw.com/p/2Ygdw
Türkei Erdogan wirft Deutschland «Nazi-Praktiken» vor
Фотографија: Reuters/M. Sezer

Германскиот министер за правда Хајко Мас ги отфрли споредбите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Германија со „нацистички методи“ ги спречува настапите во земјата на турски политичари во функција на кампањата за референдумот во Турција. „Тоа е штетно, ненормално, неприфатливо и најостро го отфрламе“, изјави Мас за германската телевизија АРД. Истовремено тој предупреди да се има малку поопуштен пристап во однос на шефот на турската држава. „Тој сака да провоцира. И ние мораме да внимаваме и да не дозволиме да бидеме испровоцирани“. 

Според Мас никој не посакуванатамошна ескалација која би довела до прекин на дипломатските односи и затоа тој, како што истакна, и натаму е против генерална забрана за настапи на турски политичари во Германија.

„Кога ќе посакам, ќе дојдам“

Ердоган во неделата во Истанбул меѓу другото изјави: „Мислев дека национал-социјализмот во Германија е минато, но тој и натаму продолжува“. Германија, според Ердоган, нема поим од демократија. Тој со овие зборови ги коментираше одлуките на некои германски општини да ги откажат планираните настапи на турските политичари во функција на референдумската кампања, поради како што беше истакнато, безбедносни грижи.

Ердоган обвинува за „нацистички методи“ на Германија

За извештаите дека и самиот планира настап во Германија, Ердоган рече: „Ако сакам, ќе дојдам утре. Ќе дојдам и ако не ме пуштите или не ми дозволите да зборувам, тогаш ќе направам бунт“.

„Заборавање на историјата“

И бројни пратеници во Бундестагот најостро ги осудија „нацистичките“ споредби од Ердоган. „ Неверојатно и неприфатливо постапување е претседател на една членка на НАТО така да се изразува за друга членка“, истакна Фолкер Каудер, шеф на пратеничката група на Христијанско-демократската (ЦДУ) и на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во германскиот парламент. „Бесрамно, заборавање на историјата, дрско“, изјави Јулија Клекнер, заменичка-претседателка на партијата на канцеларката Ангела Меркел, ЦДУ.

Настап во Келн: Нихат Зејбекџи

По два пропаднати собири за референдумската кампања во Германија, турскиот министер за економија, Нихат Зејбекџи синоќа (05.03.) конечно настапи во хотелот Сенат во Келн и притоа врбуваше за политиката на Ердоган. Тој се стреми кон претседателски систем кој ќе му овозможи далеку поголема моќ и ќе го ослабне турскиот парламент. На референдумот на 16 април можат да учествуваат и Турците кои живеат во странство, меѓу нив и околу 1,4 милиони во Германија.