1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија - мојата приказна

12 октомври 2012

Нов проект на Дојче веле

https://p.dw.com/p/16Ok5

По неколку дена стартува нов проект на Дојче веле, во кој Ви претставуваме успешни мигранти во Германија од земјите од Централна и Југоисточна Европа. Зашто, околу половината од граѓаните во Германија кои се со странско потекло, потекнува токму од овие земји. Многумина од нив се успешни бизнисмени, ценети научници и креативци. Како постигнале успех во новата татковина, раскажуваат тие самите. Освен тоа, во проектот Ви нудиме и низа текстови со корисни информации околу студирањето, признавањето на странските дипломи, патот до работна дозвола во Германија, што значи и кои се предностите на „сината карта“...

Што мислите Вие, што е потребно за да се стане успешен во странска земја?