1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: казна од 208 илјади евра за кражба на џигер

20 февруари 2018

Суд во Минхен му одреди казна од 208.000 евра на 58-годишен човек поради тоа што заменил говедски џигер во пакување за овошје во супермаркет. Судот оцени дека казната е оправдана поради високите примања на крадецот

https://p.dw.com/p/2sxrA
Deutschland Preise für Obst und Gemüse
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hiekel

Суд во германскиот град Минхен му одреди рекордна казна на 58-годишен човек кој бил фатен во кражба во еден супермаркет. Човекот бил уапсен во декември минатата година откако бил фатен како зема говедски џигер и потоа го препакува во кесичка за овошје. Потоа лицето ја искористило касата за самонаплата за да го купи месото за далеку помала цена. Судот му одреди казна од 208 илјади евра наведувајќи ги неговите високи примања и претходните дела за кои бил осудуван. Лицето било пуштено од затвор во 2017 година откако отслужило две затворски казни за затајување данок.
Властите велат дека лицето било уапсено во неговиот четврти обид да купи џигер поевтино. Вредноста на стоката за која бил осуден се движи меѓу 13 и 47 евра.