1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двојното државјанство на удар

Фолкер Вагенер
8 декември 2016

Со мака постигнатиот договор за двојно државјанство во владејачката коалиција во Германија се заканува да пропадне. Инцијативата потекнува од младите демохристијани (ЦДУ).

https://p.dw.com/p/2TxIc
Kampagne Ein Leben, zwei Pässe
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Најголем број млади чии родители се мигранти мораа до декември 2014. година, на возраст од 18 до 23 години, да решат дали сакаат да земат германски пасош или пасош од државата од која потекнуваат нивните родители. Тоа ги погодуваше пред сѐ децата со турско потекло.

Оваа законска рамка е изменета во 2014. година по макотрпните преговори помеѓу гермаските демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и СПД, односно големата коалиција која е во моментов на власт во Берлин. Оттогаш младите од мигрантските семејства можеа, во одредени услови, да ги задржат двата пасоша и тоа долгорочно.

Не поминаа ни 2 години, а ЦДУ ја тематизира оваа проблематика на својот конгрес. Унијата на млади упати едно барање и понатаму младите од странско потекло да се обврзат на избор меѓу двата пасоша. И по жолчната и контроверзна расправа во тесно мнозинство го изгласаа тоа- јасно спротиставувајќи се на волјата на германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи. Со тоа оваа тема е повторно во фокусот.

ДВ: Госпоѓо Хегл, оваа обврска за младите кои се родени во Германија би требало повторно да биде воведена. Што е толку страшно во тоа младите да се одлучат по тоа прашање?

Ева Хегл: Тука сум целосно децидна: вџашена сум со оваа одлука на ЦДУ. Со тоа оваа партија ѝ се спротивстави на сојузната канцеларка Ангела Меркел и на министерот за внатрешни работи Томас де Мезие. Според мое мислење, ова гласање е всушност работа на АфД (Алтернатива за Германија). А што е во тоа лошо? Ништо не е лошо во тоа луѓето да имаат право на избор. Но, со можноста за двојно државјанство ние го почитуваме фактот дека сѐ повеќе луѓе имаат интеранационални биографии. Тие потекнуваат од некоја одреден земја, но нивните родители или баби и дедовци се тука родени. Тие ја признаваат Германија, сакаат да станат Германци, но исто така сакаат да ги задржат врските со својата татковина што го сметам апсолутно во ред. И тоа е она што ние мораме да го олесниме, а не да го отежниме.

Eva Högl
Ева ХеглФотографија: dapd

Унијата на млади беше таа која придонесе мнозинството на конгресот на ЦДУ да гласа за обврска за избор. Што значи тоа за коалицијата?

ЦДУ тука застана против канцеларката и министерот за внатрешни работи, и тоа за коалицијата не значи апсолутно ништо, тоа нема да има никаква врска со СПД: Ние имаме јасен коалициски договор кој исто така го спроведовме. Ние ја укинавме обврската за избор, барем досега.

Тоа е договор постигнат во коалицијата и ЦДУ нема ни приближно мнозинство во германскиот Бундестаг за евентуална промена. А тоа не би можеле да го имаат ни со другите коалицски партнери. Освен ако ЦДУ не се одлучи во еден момент да направи коалиција со АфД.

Има ли воопшто материјал за преговори со СПД за да се спаси компромисот од 2014. година?

Не. Нема воопшто. Бидејќи, ние сме тука јасни, еден компромис од Унијата веќе имавме. Ние додуша и повеќе и би сакале да одиме понатаму, но ние, тоа е јасно, имаме многу различно мислење. Ние сакаме уште повеќе двојни државјанства, повеќе учество на луѓе со странско потекло, на пример и кога станува збор за правото на глас на локално ниво. Ние во никој случај не сакаме да имаме удел во нешто што нѐ враќа назад.