Германија: 133 милиони евра за петарди и ракети
31 декември 2016Без оглед што речиси сите петарди, ракети и прскалки кои се трошат во Германија, се произведени во Кина, сепак во Германија пиротехничкиот сектор вработува околу 3.000 работници. Со оглед што Законот за поседување оружје и експлозивни средства во Германија дозволува продажба на ракети и петарди само од 29. до 31. декември, сите вработени мора да работат со месеци однапред за да успеат во само три дена да го остварат целиот свој годишен промет.
Јасно е дефинирана и можноста за користење пиротехнички средства: нив смеат да ги користат само полнолетни лица во периодот од 17:00 часот на 31 декември до 08: 00 часот на први јанураи. Секое испалување ракети надвор од овој период претставува прекршок кој може судски да биде гонет и за кој се плаќа парична казна.
Оној кој сака да приреди огномет во текот на годината, на пример при свадба, роденден или годишница од бракот, мора да побара посебна дозвола од општинските власти и тоа најмалку четири недели однапред. Надлежната противпожарна служба потоа проверува дали се задоволени сите безбедносни стандарди, дали се почитува минималната оддалеченост од 200 метри од болници, цркви, детски градинки и старски домови и дали стојат на располагање средства за гаснење пожар во случај на незгода.
Легално набавување пиротехнички средства во текот на 362 дена во годината е неможно, дозволено е само користење на стари залихи.