1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вулканот Колима не се смирува

СН/ агенции
4 октомври 2016

Мексиканските власти соопштија дека стотици луѓе евакуирани од нивните домови за време на викендот мора да останат во привремените засолништа со оглед дека продолжуваат ерупциите на вулканот Колима.

https://p.dw.com/p/2Qqbu
Mexiko Vulkan Colima
Фотографија: Reuters/Civil Protection of Jalisco

Еден од најактивните вулкани во Мексико по ерупцијата на 1 октомври продолжува да исфрла столбови чад и пепел како и лава. Мексиканските власти пак спроведоа евакуација на населението во радиус од 12 километри од вулканот. 

Претставник на Националната цивилна заштита изјави дека жителите на две села во сојузната држава Колима и едно во државата Халиско нема да можат да се вратат во своите домови уште 24 часа.  Тој соопшти дека вулканот продолжува да биде високо активен и видлив е голем столб од чад и пепел, како и лава која излегува од кратерот на Колима, кој се наоѓа на околу 3800 метри надморска височина.

Во последните 450 години регистрирани се најмалку 40 ерупции на Колима, а последната поголема ерупција беше во јули годинава. 

Продолжуваат ерупциите на вулканот Колима