1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вулкан: Отровни пареи закана за Хавајците

СН /дпа,афп,ртр
22 мај 2018

Веќе со недели, вулканот Килауеа исфрла облаци од пепел. Жешка лава се прелеа на широки области околу вулканот на Хаваи. Сега магмата тече и во морето и создава отровни облаци.

https://p.dw.com/p/2y5Zt
USA Vulkanausbruch auf Hawaii
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. C. Hong

Службата за цивилна заштита ги повика жителите да се држат настрана од пареата и облаците од гас. Облаците наречени „Лејз“ содржат пареи од солна киселина и мали честички од стакло. Тие настануваат кога врелата лава доаѓа во допир со солената морска вода.

Килауеа предизвикува нови закани на Хаваи

Терминот „лејз“ е кованица од зборот лава и англискиот термин хејз за чад. Меѓу другото, облаците лејз може да предизвикаат иритација на белите дробови, очите и кожата, предупредија властите.

Во моментов нема знаци дека Килауеа повторно се смирува. Од бројни пукнатини во земјата, истекува лава, која веќе го блокираше еден од најважните поврзувачки патишта. Ѕид од течни камења висок еден метар таму се пробива во насока на Пацификот.

USA Vulkan Kilauea bricht in Hawaii aus
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. C. Hong

Со тоа за жителите на особено загрозената населба Пуна на Големиот остров, најголемиот остров на архипелагот, блокиран е важен пат за бегство. Вулканот, кој исфрла оган неколку недели, веќе уништи десетици објекти, а во саботата еден човек беше повреден.

Килауеа е опасно активен од почетокот на мај. Постојано од нови пукнатини во земјата, течната магма стигнува до површината.

USA Vulkan Kilauea bricht in der Nähe von Kraftwerk in Hawaii aus
Фотографија: Getty Images/M. Tama

Повеќе:

-Евакуација и вонредна состојба на Хаваи

Постојат неколку вулкани на Хавајските острови, Килауеа е едед од најактивните во светот. На другиот крај од таканаречениот Пацифички огнен појас, во меѓувреме, се „разбуди“ уште еден вулкан. На индонезискиот остров Јава, вулканот Мерапи вчера исфрли облак од пепел висок повеќе од еден километар. Десет дена претходно, стотици луѓе избегаа од областа по неговата ерупција. Во 2010 година, во ерупција на Мерапи загинаа 300 луѓе.