1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Водата и струјата се тесно поврзани

Арндт Ројнинг22 август 2008

Живееме во свет со ограничени ресурси – не` има се` повеќе и сите сакаме да живееме удобно. Но, штедењето е неизбежно, како на водата, така и на енергијата. Дали може да се одржи рамнотежа меѓу овие две суровини?

https://p.dw.com/p/F35H
Нема обид струјата и водата да се интегрираатФотографија: picture-alliance/ dpa

Водата и енергијата се поврзани. Водата ни е потребна за производство на енергија, особено доколку ја добиваме од фосилни горива во нуклеарните електрани. Енергијата ни е потребна за довивање вода, да можеме да ја транспортираме, чуваме, филтрираме итн. Користењето на водата чини огромно количество енергија и обратно - користењето енергија чини огромни количества вода. А обете суровини се ограничени, тоа денеска веќе добро се чувствува. Недостигот на енергија влијае на нашата политика во врска со водата - недостигот на водата на нашата енергетска политика, но наспроти тоа нема ниту обид водата и енергијата да се интегрираат.

Всушност ова е тоа што Петер Глајк од Универзитетот Окленд во Калифорнија се обидува да го направи - да ја одржи чувствителната рамнотежа меѓу овие две природни суровини.

40 % од водата оди за електраните

Ако енергијата и водата не се третираат заедно, може да се случи еден од тие два извора да пресуши. Во одредени региони во светот, сиромашни со вода, на пример во Калифорнија, не можат да се градат електрани затоа што нема вода за ладење. Винсент Тајдвел од Националната Лабораторија во Албукирк детално ја анализираше состојбата, по налог на Министертсвото за енергетика:

Katse Staudamm in Lesotho
Се зема од реките, но не се трошиФотографија: dpa - Bildfunk

„За ладењето, според принципот, се користи водата за пиење. Во САД на тоа одат 40 насто од вкупната потрошувачка. Тоа е огромно количство вода. Електраните се најголемите потрошувачи на водата во САД!“

Водата за ладење се користи, но не се троши. Најчесто се зема од реките, се спроведува низ електраните и тогаш „загреана неколку степени„ се враќа во реката.

Во иднина најмногу вода трошат струјата и био-горивото

Работите стојат поинаку кога водата се користи за автомобилите, автобусите и другите транспортни средства. Во производството на био-гориво од био-маса се трошат огромни количества вода, бидејќи растенијата мораат да се залеваат. Но и за производство на нормален бензин и дизел се троши многу вода:

„Ако погледнеме во иднината, најмногу вода се троши на производство на струја и био-гориво. Струјата, на пример, се користи и за хибридните возила. Ако сметаме на потрошувачката на водата, тогаш обновливите видови енергија се најштедливи, тука можеме да ги вклучиме и хибридните и хидроенергетските автомобили. Но и био-горивата што се произведуваат без дополнително залевање, се доста штедливи, кога зборуваме за водата, како и нормалниот бензин.

Најефикасно е штедењето топла вода

Wasserhahn mit fliessendem Wasser
Греењето на водата чини најмногуФотографија: Bilderbox

Тоа е едната од страните на медалот - потрошувачката на водата за производство на енергија. И обратно, многу енергија се користи за производство на вода за пиење. Најмногу оди на производството на вода за пиење од морската вода. Но, и транспортот на водата троши доста енергија. Во споредба со транспортот, филтрирањето на водата е штедлив процес.

На крајот треба да се каже дека најмногу енергија се користи за греење на водата во домаќинствата и затоа:

„Ако ова се набљудува како еден проблем, тогаш едно е сигурно, најефикасен метод за штедење на енергијата е штедењето топла вода.“