Во оптек нова банкнота од 50 евра
4 април 2017Новата 50-ка би требало да им ја отежне работата на фалсификаторите, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ) „Дури и во дигитално доба, готовината е сѐ уште неопходна во нашата економија“, објасни претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.
Според една анкета, во околу три четвртини од сите зделки со купување, плаќањето е извршено во готово.
Банкнотата од 50 евра, мерено според бројот на банкноти, и натаму е најважната евро-банкнота. Околу 46% од сите евро-банкноти се 50-ки. Досегашните банкноти од 50 евра во оптек се повеќе од 20 години и се вбројуваат меѓу најфалсификуваните банкноти воопшто. Околу 60 проценти од сите „уловени“ фалсификати биле банкноти од 50 евра.
По банкнотите од 5, 10 и 20 евра, банкнотата од 50 евра е четврта банкнота во оптек од т.н. „Серија Европа“. Новите банкноти од 100 и 200 евра се очекуваат на почетокот на 2019 година.