1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во лов на плагијати

Милтијадес Шмит / ЕМФ15 февруари 2016

Цариници и адвокати се во лов на плагијати на саемот „Амбиент“ во Франкфурт. Нивната работа не е лесна. Плагијати има сѐ повеќе, особено од Азија.

https://p.dw.com/p/1Hvdy
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst

Некаде кај кинеските штандови, цариниците ќе најдат плагијати. Во тоа се сигурни. Тие следат информации од претставници на производителите на оригинали.

Прво запираат кај производител на тави. Се работи за рачки на тави. Оригиналот и фалсификатот одвај се разликуваат еден од друг.

Амалија Провербио од фирмата „La Termoplastic“,која произведува оригинал вакви тави, е уверена:

„Се разбира дека ова се фалсификати, бидејќи нашите производи се со логото ФБМ, кое овде го нема. Ова сигурно е копија.“

И царината има исто мислење. Кинезите изразуваат жалење. Тавите се запленуваат и мора да бидат прецртани со црно во каталогот на производителот. Дали така навистина и ќе биде сторено ќе биде проверено при следната обиколка. На крајот има и парична казна од 500 евра. Вообичаена казна за оние кои првпат се фатени за плагијат.

Овде можете да го погледнете видеото:

Во лов на плагијати

Цариниците продолжуваат натаму, а со нив е адвокатот на германската фирма „Реслер“. Овојпат се работи за длабоки садови. Додека цариниците ги земаат податоците, на соседната маса преговорите едноставно продолжуваат. Индискиот производител не сака да плати. Ако не плати, ќе биде уапсен. Пртптриемачот веќе има сторено вакво дело. Затоа треба да плати 1500 евра.

Дури откако се појавува обвинителка, тој попушта. Претходно се обидува да ја спушти казната, без успех. И покрај сѐ, не смета дека е виновен:

„Едноставно, неопходни ни се повеќе информации. Мора да знаеме точно што сака да заштити фирмата Реслер. Во спротивно, вакво нешто постојано ќе се случува“, уверен е Павал Кансаи од фирмата „Jagdamba“.

На крајот, иследниците од царината на саемот „Амбиент“ пронајдоа плагијати кај Индијците и Кинезите. Раководителот на акцијата Дирк Шпилман, вели:

„Билансот е јасен, не можеме да сеп ожалиме дека нема работа. Во последните 7 часа се покренати 10 истражни постапки, запленети се производи во десет случаи и подигнати се сигурносните депозити. Наклонетоста кон фалсификување продолжува, станува сѐ поголема.“

Она што се запленува, по правило исчезнува од пазарот. Но, искуството покажува дека набргу на пазарот се појавуваат повторно нови плагијати.