1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Дурбан се‘ уште нема компромис - конференцијата продолжена

10 декември 2011

На конференцијата за климата во јужноафриканскиот град Дурбан, преговарачите работат под голем притисок. Во текот на ноќта не беше постигнат компромис, па конференцијата е продолжена за еден ден.

https://p.dw.com/p/13QLk

Преговорите продолжуваат - гласи пораката од конференцијата за климата во Дурбан, на која се преговара околу временскиот план за донесување нов договор за климата, кој би го заменил протоколот од Кјото. Неуспех на конференцијата не се исклучува.

Германскиот министер за екологија Норберт Ретген побара крај на блокадата од страна на САД, Кина и Индија. Треба да се придвижат оние кои досега „се испречени на патот на постигнување резултат“, изјави Ретген денеска изутрина (10.12) во Дурбан.

Klimagipfel in Durban 2011
Не е исклучен неуспех на конференцијатаФотографија: DW

ЕУ, заедно со голем број земји во развој, бара јасен мандат за натамошни преговори со цел - нов обврзувачки договор за климата. САД, Кина и Индија се против правно обрзувачки договори и бараат нови заклучоци за климата дури од 2020 година.

Во предлог завршниот документ од конференцијата во Дурбан е скициран патот за новиот договор за климата, кој треба да важи за сите земји. Во него се наведува дека договорот треба да биде донесен најдоцна до 2015 година, а од државите членки на ОН се бараат повисоки цели за намалување на емисијата на штетни издувни гасови.

Автор: ЕМФ/дапд/дв

Редактор: Б. Георгиевски