1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виена: класична, модерна и спортска

13 јуни 2008

Виена е домаќин на сите средби на австриската репрезентација но и на финалето на Европското фудбалско првенство. Во главниот град на Австрија ги тријат рацете. За време на првенството очекуваат преку еден милион гости.

https://p.dw.com/p/EIRC
Навивачите во ВиенаФотографија: Reuters

Oрганизацискиот одбор во главниот град на Австрија, Виена ќе даде се од себе за време на турнирот се да тече според планот. Ова го потврдува а Ања Рихтер, членка на тимот „Се радуваме на Европското првенство, тоа е голем настан и ние правиме се’ на нашите гости и сограѓани да им покажеме колку ни е мило што ќе бидеме домаќини на првенството“

Во Виена се очекуваат преку еден милион гости

Традиционално конзервативната Виена за време на првенството ќе направи многу за сите да се чуствуваат убаво: Рингот - главната улица во Виена ќе се претвори во главно собиралиште на навивачите. Тоа за виенски состојби е вистинска сензација. Рингот е свето место во главниот град на Австрија бидејќи ги поврзува главните знаменитости: Градскиот совет, и плоштадите Хелден и Марија Тереза. А токму таму навивачите од цела Европа на големи екрани ќе можат да ги следат сите натпревари на Европското првенство.

Виена сака да се презентира како млад, модерен град. Во европското првенство, гратските татковци гледаат добра можност еднаш за секогаш да се расчисти со сите предрасуди. Виена во странство гласи за многу убав но здодевен и старомоден град.

Квартот на музиете е собиралиште за младите

EURO 2008 Vorbereitungen Public Viewing in Wien
Модерлно лице на традиционалната ВиенаФотографија: picture-alliance / dpa

Една од знаменитостите на модерна Виена е квартот на музеите, кој се наоѓа меѓу десетте најголеми културни центри во светот. Тоа е собиралиште на млади, простор кој на хармоничен начин ги обединува барокните градби со современата архитектура.

Гратските челници на посетителите за време Европското првенство им предлагаат да не прават ништо и да уживаат во гратската атмосфера, да седнат во некое улично кафуле и да ги набљудуваат минувачите.

Култура на пиење кафер

Виена во светот е позната и по културата на пиење кафе. Виенската кафеана е место каде што се среќаваат граѓаните, уметниците и писателите, некои доаѓаат да прочитаат весник, а некои да озборуваат.

Една од знаменитостите на градот е островот во Дунав. Тој природен парк е долг 21 километар а широк и до 250 метри. Вистинско место за воздишка меѓу два фудбалски натпревари.

Иако главниот град на Австрија се обидува да се профилира како модерна престолнина, посетителите никако не смеат да ја игнорираат „класична“ Виена: градот на убавиот син Дунав во кој длабоки траги имаат оставено композиторите како Хајдн, Моцарт, Шуберт или Бетовен. Мора да се посетат и главните туристички атракции дворецот Хофбург и палатите како Шенбрун или Белведере.

Виена домаќин на финалето

Ernst Happel Stadion in Wien Österreich
Ернст Хапел стадионот во ВиенаФотографија: AP

Во Виена, на стадионот Ернст Хапел, за време на првенството, пред околу 50 илјади гледачи сите свои натпревари ќе ги одиграат Австријците. Стадионот стар 76 години е заштитен споменик на културата. Тој е сцена за дуелите на Австрија против Полска, Хрватска и Германија. Во Виена ќе се игра и финалниот натпревар на турнирот на 29 јуни. Европското првенство ќе биде славје како за жителите на Виена така и за гостите од целиот свет- порачуваат од виенскиот туристички центар. На навивачите им преостанува само да навратат во градот на Дунав и да се уверат во ваквите ветувања.