Обвинителката Фатиме Фетаи главна ѕвезда на „Причпич“
9 март 2018Реклама
Пародијата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи го привлече најголемото внимание на вчерашното издание на раскажувањето женски приказни „Причпич“ во Скопје. Темата на која дискутираа повеќе жени од јавниот живот годинава беше „Добив“. Фетаи се потсмеваше со критиките кои ги добива на социјалните мрежи поради својот животен стил, а настанот за кој го говореше го претстави како кривичен настан, често користејќи правна терминологија. На настанот раскажуваа и активистка за работнички права и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Марија Џонс, режисерката Ана Јакимска, писателката и феминистка Асја Бакиќ, феминистката и професорка на ЈИЕ Маја Мухиќ и актерката и активистка Симона Спировска.
Настапот на Фетаи погледнете го во видеото: