1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вечниот кипарски конфликт

Спирос Москову
22 ноември 2016

По повеќемесечни преговори пропадна уште една шанса за решавање на кипарскиот конфликт. Централното прашање за политичката волја за повторно обединување на островот мора да се постави поинаку, смета Спирос Москову.

https://p.dw.com/p/2T4Sn
Фотографија: Picture-Alliance/dpa/F. Coffrini

Од 1974. година, островот Кипар е поделен- и од 1974. грчките и турските Кипрани наводно сакаат само едно: повторно обединување на поделената татковина. Па сепак, и двете страни отстапуваат буквално секогаш кога по макотрпни преговори сѐ поблиску се наѕира решение за конфликтот. Токму тоа се случи и во понеделникот вечерта во Мон Пелерин на Женевското езеро, каде претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадес и Мустафа Акинчи, претседателот на турската Република Северен Кипар, преговараа под покровителство на Обединетите нации. Со денови тие на светот му дошепнуваа дека претстои пробив во разговорите.

Но повторно се случи спротивното. И покрај предразговорите, кои траеја 18 месеци, преговорите беа прекинати без резултат. Каменот на сопнување беше напуштеното гратче Морфу, кое порано имаше 7500 жители. По турската инвазија тоа се наоѓа во областите под турска контрола и неговите поранешни жители живеат како бегалци во грчкиот јужен дел на островот. Предлозите на турскиот лидер Акинчи за идното решавање на прашањето на бегалците ѝ дадоа до знаење на грчката страна дека враќањето на Морфу не е дел од намерите на другата страна. Тоа повторно беше една црвена линија, еден ќорсокак при разговорите.

Moskovou Spiros Kommentarbild App
Спирос Москову

Економски слабите турски кипарски Турци

Ако Морфу е толку важен симбол, се прашува остатокот од светот кој не се снаоѓа во збрката од кипарски црвени линии, зошто тогаш грчките Кипрани во 2004 година на референдум го отфрлија т.н. Анан-план. Имено, овој план за повторно обединување на Кипар предвидуваше, меѓу другото, и враќање на Морфу. Во изработката на овој план беа вклучени и бројни грчко-кипарски политичари. Грците го отфрлија, Турците беа „за“. Решението на кипарското прашање и тогаш беше одложено.

Повеќе од 40 години од турската инвазија мора конечно поинаку да се постави клучното прашање на кипарскиот конфликт: зошто на Кипар со оглед на вообичаените вербални објави, не постои силна политичка волја  за повторно обединување? Прашањето може само „поделено“ да се одговори: зашто турските Кипрани се послаби, а грчките појаки. Економски слабиот турски северен Кипар е зависен од својот патрон-заштитник, сѐ понепресметливата Турција. Анкара сѐ уште нема неминовна причина да се откаже од залогот Кипар во Средоземното море.

Светот го заборава пучот на атинската воена диктатура

Грчкиот јужен дел на Кипар е споредбено подобростоечки и неговите жители се чувствуваат и сами пријатно во ЕУ и во еврозоната. Тие исто така немаат неминовна причина да се откажат од нивното лелекање на меѓународниот парке т- и остануваат вечно сожалуваните жртви на турската инвазија, од пред неколку децении.

Светот заборава дека во 1974. година атинската воена диктатура организираше пуч во Никозија со цел обединување на островот со Грција. Тогаш демократски управуваната Турција интервенираше како сила-гарант, за да ги заштити турските Кипрани од напади. Така Кипар тогаш стана топка за поигрување на неговите сопствени сили-гаранти. И оттогаш кипарскиот конфликт е трајна состојба.