1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле: „Надминување на спорот за името во интерес на Македонците и на Европа“

6 септември 2011

Првата средба на шефовите на дипломатиите Никола Попоски и Гидо Вестервеле ги потврди европските перспективи на Македонија. Но, Германија, не сака да се меша во спорот околу името и повика на солидарноста на Грција.

https://p.dw.com/p/12TaG
Попоски и Вестервеле на прес-конференција во БерлинФотографија: DW

Натамошно тесно пријателство, јасна германска поддршка за европските перспективи на Македонија и за Западниот Балкан, секако со исполнување на потребните задачи, во кои за Македонија на врвот на политичката агендата е решавањето на спорот околу името со Грција  - беше пораката на Гидо Вестервеле по разговорите во Берлин со неговиот  македонски колега шефот на дипломатијата Никола Попоски. Вестервеле очекува натамошна  решеност на македонската влада во спроведувањето на реформите, со што ќе може да се конкретизираат  европските перспективи. 
„ Посебно итно се потребни реформите во судството, подобрувањето на правната сигурност во бизнисот и борбата против корупцијата и организираниот криминал“, истакна Вестервеле, кој како услов за доближување на целиот регион кон ЕУ го  посочи унапредувањето на внатрешното помирување кое е решавачко,  зашто Европа, како кажа  - се залага за соработка и за мирно решавање на конфликтите.
Тој му се заблагодари на Попоски заради одлуката првата работна визита во една земја од Западна Европа да биде токму Берлин, толкувајќи го како  манифестација на поврзаност и високо партнерство меѓу двете земји.

Надминување на предизвиците


Благодарност кон Германија за досегашната поддршка и долгогодишното партнерство изрази и министерот Никола Попоски. Посочувајќи дека  конзистентната политика на европските интеграции има резултати во изминатоиве пет-шест децении Попоски со ставот:  
„ Сметаме дека предизвиците на овој пат треба да ги надминуваме со овој европски дух. Мислиме и тој став го споделуваме – Сојузна Република Германија секогаш  ќе биде  истраен поддржувач во овој процес и Република  Македонија  е целосно посветена на надминувањето на сите  прашања кои се поставени по овој пат. Со еден принципиелен и конструктивен пристап  мислиме дека овој пример може да даде позитивен импулс во регионот“.
На прашање на Дојче Веле дали Германија може повеќе да направи во решавањето на спорот околу името со Грција, Вестервеле кажа дека Германија се потпира на успешноста на преговорите  кои сега се водат се водат во рамките на ОН подвлекувајќи дека обете страни се поттикнуваат и охрабруваат да дојдат до решение, со што ова прашање не би било повеќе пречка  во доближувањето кон ЕУ и НАТО структурите.

Солидарноста не е еднонасочна!


Одговарајќи на дополнителното прашање на ДВ: дали спорот може да се влече до недоглед? -  Вестервеле категоричен: не сака да шпекулира, а надминувањето на тешкотиите е во интерес и на Македонците и на Европа. Според него зафатеноста на Европа со самата себеси не смее да ја парализира! Европа во моментов се соочува со должничката криза на Грција и будно се следат тамошните напори за реформи.
„Мојот апел до грчката влада и сите тамошни сили е да разберат дека солидарноста не е еднонасочна улица, туку кон тоа припаѓа и извршување на домашните задачи“ , посочи Вестервеле.
Министерот Никола Попоски синоќа се сретна и со Кристоф Хојсген, државниот секретар за надворешна политика во германската влада, по што присуствуваше на концертот на  групата „Синтезис“, по повод 20 годишнината од незвисноста.
Посетата на Попоски на Берлин, финишира со претпладневните разговори со парламентарците од Групата за соработка со Југоисточна Еверопа на Бундестагот.

Автор: Силвера Падори-Кленке 

Westerwelle / FDP / Außenminister
Не сака да шпекулира, но апелира! Гидо ВестервелеФотографија: dapd
Mazedonischer Außenminister Nikola Poposki in Berlin
Македонија целосно посветена на задачите. Министерот Никола ПопоскиФотографија: DW

Редактор: Симе Недевски