1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велипеток и велигденските обичаи

СН/мф/дв29 април 2016

Православните христијански верници денеска согласно традицијата го одбележуваат денот на најстрогиот пост. Велипеток се смета за најтежок празник во христијанството.

https://p.dw.com/p/1If2g
Фотографија: Reuters/Yannis Behrakis

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. На овој ден во сите храмови ќе се изнесе на поколение плаштеницата (покровот) што го симболизира симнувањето од крстот на телото Господово.

Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале". Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.

Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

Велигден е најважниот празник на христијанските цркви. Католичката и протестантските цркви ги прославија Велигденските празници на крајот од минатиот месец. Многу велигденски симболи се поклопуваат со оние во православната традиција, а некои се различни. Некои од најпознатите обичаи меѓутоа само делумно имаат религиозна заднина. Во следната галерија погледнете какви се велигденските традиции во Германија: