1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ништо не гледаме, не слушаме и не соработуваме

Барбара Везел / превод: КК29 август 2015

Додека Европа заедничката политика кон бегалците ја прогласува за најважна политичка цел, Британците, како и во многу други кризи, со тоа не сакаат да имаат ништо, смета Барбара Везел.

https://p.dw.com/p/1GNSO
Фотографија: picture alliance/PA Wire/Laura Lean/

Тоа што Велика Британија го прави во моментов е посебен придонес во решавање на бегалската криза: нелегални работници и нивни работодавачи во иднина треба строго да се казнуваат. Меѓу овие вториве има вистински робовладетели, кои исто така, заслужуваат затвор. Дали така треба да се третираат и работници на црно во разни кафеани, продавници или фарми, кои така заработуваат пари за преживување? Овие нови мерки во секој случај и‘ штетат на подземната мрежа, која одамна ја изградија Сиријци, Авганистанци и Ирачани во Велика Британија, со цел да привлечат сонародници. Во таа смисла, таа политика има внатрешна логика која на британскиот премиер му дава за право да се послужи со сите средства, со цел да ги одврати бегалците. Дел од тој концепт е и минатонеделниот договор за овеќе полицајци и повеќе бодликави жици во Кале.

Велика Британија се оградува

Ла Манш е широк само 34 километри, но сегашниот менталитет во Велика Британија е посоодветен на некоја земја од Атлантикот, оддалечена илјадници километри од Европа. Во главите на многу Британци оддалеченоста од т.н. стар континент е непремостливо голема. Тие уживаат во своето чувство на посебност и речиси во доволна мера и не можат да ја истакнат дистанцата кон Французите, Германците или другите соседи. Дури и самиот поим „глорифицирана изолација“ се поврзува со еден британски премиер од 19. век. На тој начин уште од тогаш е опишан недостатокот на британски ангажман во европската политика.

Бегалците се непожелни

Во бегалската криза станува повеќе од јасно дека нема конструктивен придонес од Лондон. Британците прават се’ како тоа да не се однесува на нив. Минатата година прифатија само една седмина од вкупниот број бегалци кои ги прифати Германија. Декларирана цел на Камерон е намалување на бројот на бегалци. За британска солидарност во распределба на бегалците во Европа речиси и не може да се зборува. Така е и кога станува збор за помошта која ја бараат Италија или Грција, или предлогот на Европската комисија за носење заеднички мерки. Додека Блискиот Исток исчезнува во урнатини и додека е во тек најголемата миграција на народи по Втората светска војна, Британцита подигаат подвижни мостови и не сакаат да имаат ништо со најновиот бран бегалци.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел

Тоа е политика на лошо соседство и најверојатно на Британците ќе им се врати како бумеранг. Во Европа со премногу претпазливост се пристапува кон вечниот британски одбивен став и нивните постојани специјални желби. Финскиот министер за финансии рече дека Европа не може да се замисли без Велика Британија. Тој, очигледно и не гледа нешто добро - па, Британија и онака не е со Европа.

Збогување со Европа и надворешната политика

Кога станува збор за кризата во Грција од Лондон гласно се слушна дека Германија треба сето тоа да го плати. Инаку, минатите години британскиот придонес за оваа и други европски кризи, како и пошироката надворешна политика, практично е еднаков на нула. Дали станува збор за Украина, аспирациите на Путин за власт, обновување на Балканот, смирување на Либија, преживување на Ирак, граѓанската војна во Сирија или новите односи кон Иран - Дејвид Камерон гарантирано во тоа не е вклучен. Тој не се ангажира никаде, каде во потесна смисла на зборот не гледа национален интерес за својата земја. Притоа и неговата влада има тесни погледи: не и’ е во интерес она што не е од директен интерес за британската економија. Човекови права, сочувство, одговорност - тие и слични поими во британската политика се излгледа прецртани.

Реформи како чекор назад

Премиерот Камерон ја започна својата есенска турнеја на која сака да ја промовира идејата за реформи во ЕУ. Но, изгледа дека единствена цел на неговиот дневен ред е референдум за излегување од ЕУ. Тој најрадо би ја вратил ЕУ во еден вид царинска унија, во која секој ќе си го работи своето. Во ЕУ има доволно заслепени националисти кои тоа ќе го поздрават. Меѓутоа, од британскиот пример може нешто да научиме: одговорот на ваков тип на барања од Лондон едноставно треба да гласи „не“. Ние не можеме да учествуваме во такви назадни потези.