Градот Вајмар во германската покраина Тирингија некогаш бил центар на Големото војводство Саска-Вајмар. Во оваа културна престолнина твореле книжевници и музичари како Гете, Шилер, Лист и Бах. И библиотеката на војвотката Ана Амалија е една од главните атракции и е дел од светското културно наследство на УНЕСКО.