1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш ќе се памети по гафовите

19 јуни 2008

Некои аналитичари констатираат дека Буш во Германија беше понеомилен од неговите претходници. Во секој случај, тој предизвикуваше многу смеа, не само во Германија. Некои негови изјави станаа легендарни.

https://p.dw.com/p/EGip
Неговите говори често предизвикуваа смеаФотографија: AP

Тоа не му успеа на ниеден претседател на САД, да заборави дека говорот за состојбата на нацијата се вика „Говор за состојбата на нацијата“. Џорџ Буш јуниор дефинитивно ќе се памети како најсмешен претседател во историјата на САД. Неговите несреќно срочени игри на зборови и вербални гафови се веќе легендарни. Нив ги има на интернет и во енциклопедијата Википедиа, како и на видео платформата Јутјуб под насловот Бушизам. Некои од нив:

„Знам дека човечките суштества и рибите можат да живеат мирно едни покрај други.“

„Денес објавувам нов план за истражување на вселената и за човечко присуство во целиот сончев систем.“

Низ целиот сончев систем, ако така сака американскиот претседател. А Буш пак не сака заштита на климата, зашто мора да мисли најпрво на Американците и на американската економија:

„Првата работа, прва за луѓето кои живеат во Америка, тоа е мојот приоритет.“


Поделени мислења за Буш


Собраните дела на Џорџ Буш ги има и како календар. Една изрека за секој ден. Бушизам календари можат да се купат и во Германија, зашто и тука има обожаватели на неговите изреки, иако и многу кои не го сакаат:

„Би рекол, во врска со војната, дека тој се меша премногу во другите земји, тоа е мое мислење,“ незадоволен е овој Германец.

„Да, тој е храбар, тероризмот мора да се победи. Ние најдовме само еден храбар, а тоа е Буш,“ смета пак друг граѓанин.

Големото мнозинство од луѓето во Германија името на Буш го поврзуваат со војните, пред се‘ онаа во Авганистан, кога тој изјави:

„На моја наредба, американската војска започна војна против Ал Каеда, напади врз нивните кампови и против базите на Талибанскиот режим, зборуваше своевремено Буш.“


Припишување заслуги за поголема безбедност


Најголемиот дел од Германците мислат дека со војните Буш го подели светот. Постојат според него само два фронта:

„Секоја нација во светот сега треба да донесе одлука, дали е со нас или за терористите.“

Многумина не се согласуваат со американскиот претседател, но по осум години на функцијата неговиот биланс е поинаков од оној го го подвлекуваат другите. Овој пат не станува збор за бушизам, туку за јасно изговорено тврдење:

„Америка е посигурна. Два терористички режима веќе нема. А повеќе од 50 милиони луѓе сега живеат во мир“, тврди Буш.