Британската тајна служба го шпионира интернетот во светот!?
22 јуни 2013Центарот за комуникации на Владата на Велика Британија (GCHQ - Government Communications Headquarters, на насловната фотографија) успеал преку оптички кабли да се прикачи на многубројни интернет врзни точки и од таму да црпи „огромни количини податоци“, информира британскито весник „Гардијан“. Овие податоци потоа биле соделувани со американските партнери од НСА (NSA - National Security Agency). Покрај имејл пораки, објави на социјалните мрежи како и телефонски разговори биле меморирани и анализирани и лични информации на корисникот.
Информациите на „Гардијан“ потекнуваат од поранешниот американски агент Едвард Сноуден, кој неодамна објави детали од програма за шпионирање на САД „Призм“. Британската програма го носела иметно „Темпора“ и според неговите кажувања е многу поопсежна од „Призм“ и функционира веќе една и пол година.
Американските правосудни органи подигнаа обвинение против Сноуден
Сноуден, според сопствените зборови, сакал „да ја открие најголемата незабележителна програма за надгледување во историјата на човештвото“. „Тоа не е проблем само на САД“, го цитира „Гардијан“. Центарот за комуникации на Владата на Велика Британија бил уште полош од американските колеги.
Компјутерскиот експерт на „Гардијан“ и на „Вашингтон Поуст“ им достави информации за програмата „Призм“, со која НСА ги анализирала податоците на корисниците на големите интернет концерни „Гугл“, „Фејсбук“ или „Мајкрософт“. Концерните меѓутоа негираат директен пристап на НСА до нивните сервери.
Американските превосудни органи во меѓувреме подигнаа обвинение против Сноуден поради шпионажа како и кражба и предавање на владини тајни. Обвинението беше поднесено пред една недела во сојузната држава Вирџинија и се држи во тајност, со исклучок на една страница. За поднесување на барање за испорака од Хонгконг, каде Сноуден се засолни поради страв од кривично гонење, обвинителството си зема доволно време, бидејќи тамошните правосудни органи поставија високи пречки.